Македонија заостанува во купувањето на полисите за животно осигурување. Искуството од осигурителните компании покажува дека најголем дел од пазарот е несикористен. Според податоците само 2 отсто од македонците имаат животно осигурување. Осигурителните компании постајно работат за да се промени пристапот на граѓаните кон штедењето, но велат дека закрепнувањето на економијата ветува пораст на бројот на склучени полиси за животно осигурување. Согласно официјално објавените податоци од Агенцијата за Супервизија во Осигурување во 2013 година се склучени вкупно 7.740 договори за животно осигурување, од кои 56% се договори склучени преку “Крoациа Oсигурување Живот”, што јасно говори дека македонските граѓани во Кроациа препознаваат стратешки партнер за донесување на одлуката за долгорочно штедење и сигурност, вели Вилма Учета Дузлевска, генерален директор во “Кроациа Осигурување-Живот А.Д Скопје”.
Колку Македонците имаат навика за купување на полиси за животно осигурување?
Учета Дузлевска: Имајќи предвид дека Македонија значително заостанува во развојот на животното осигурување во однос на западноевропските земји, па и на земјите во опкружувањето, еден од приоритетите е да влијаеме за менување на културолошкиот пристап на граѓаните кон штедењето. Статистичките податоци, земајќи ги во предвид активните договори за осигурување на живот кои се регистрирани, говорат дека само 2% од населението во Македонија има полиса за животно осигурување.
Меѓутоа, од 2007 година наваму животното осигурување континуирано бележи двоцифрени стаки на раст. Перманентниот раст на премијата во животно осигурување зборува дека македонскиот граѓанин се повеќе ја согледува корисноста на полисата за животно осигурување. Како лидер на пазарот за животно осигурување примарно сме фокусирани кон пораст на културата за животно осигурување, намалување на моменталните недостатоци во информираноста на граѓаните, како и промена на навиките за штедење и инвестирање во животно осигурување.
Какви се податоците во однос на бројката на склучени договори заполиси за животно осигурување на годишно ниво?
Учета Дузлевска: Согласно официјално објавените податоци од Агенцијата за Супервизија во Осигурување во 2013 година се склучени вкупно 7.740 договори за животно осигурување, од кои 56% се договори скчучени преку Крoциа Oосигурување Живот, што јасно говори дека македонските граѓани во Кроациа препознаваат стратешки партнер за донесување на одлуката за долгорочно штедење и сигурност. Бројот на склучени договори, како и премијата за животно осигурување континуирано бележи пораст. Значаен фактор кој особено влијае на развојот на животното осигурување изминатите години е основањето и поставената регилатива од страна на Агенцијата за супервизија на осигурување, која даде правилни насоки и постави добро контролирана регулатива, што допринесе за зголемена сигурност и поголема доверба во осигурителните компании.
За кои полиси за осигурување на живот има најголем интерес?
Учета Дузлевска: Животното осигурување е програма која е совршено прилагодлива и секоја полиса претставува единствено решение целосно приспособливо на индивидуалните потреби на осигурениците. Она што е особено интересно кај осигурувањето на живот е тоа што сами одлучувате колку сакате да штедите, односно сами ја креирате осигурената сума. Комбинацијата на осигурување на живот со дополнително осигурување од тешко болни состојби и осигурување од незгоди, т.н. КРОАЦИА ПРЕМИУМ програма се покажа како најдобра понуда за осигурениците. Не би можела, а да не го споменам и “Коко детското штедно осигурување” кое исто така се покажа како исклучиво атрактивна понуда за родителите, претставувајќи одлична можност да го осигурате најмилото од ризиците кои ги носи детската игра и притоа да заштедите за негова сигурна иднина. Со новитетите кои ги воведовме од 01.05.2014 година очекуваме зголемена заинтересираност за овој програм, бидејќи овозможуваме услови кои досега не се застапени на македонскиот пазар, односно можности кои ниедна друга компанија не ги овозможува за своите осигуреници.
ЖИВОТНОТО ОСИГУРУВАЊЕ ЗНАЧИ МИРНА СТАРОСТ
Нудите речиси десеттина производи во делот на полисите за животно осигурување, кои се придобивките за потрошувачите?
Учета Дузлевска: Полисата за животното осигуриување е уникатен финансиски производ кој нуди двојна поволност: истовремено осигурување и заштеда. Доколку настане некој од ризиците кои ги покрива корисникот на осигурувањето ја добива целата осигурена сума заедно со дотогаш припишаната добивка. Доколку не настане осигурен случај осигуреникот ги добива сите средства кои ги вложил зголемени за вкалкулираната камата која е моментално поголема од каматната стапка на девизните депозити во банките, но и зголемени за дивидендата, односно добивката која ја припишуваме секоја година.
Имајќи предвид дека воспоставениот пензиски систем е неодржлив на долг рок, полисата за животно осигурување е вистински одговор во што треба да се штеди за мирна старост. Како клучни конкуренти на полисата за животно осигурување се наметнуваат вложувањето во банки, инвестициски фондови и пазарот на капитал. Сепак, вистинското конкурентно опкружување за овој производ не е развиено, бидејќи речиси и да не постои друг производ кој овозможува долгорочно и пензиско штедење, притоа покривајќи ризици од појава на болест или несреќен случај.
Кои ризици ги опфаќаат полисите за животно осигурување?
Учета Дузлевска: Животното осигурување на своите корисници примарно им гарантира сигурна исплата на вложените средства заедно со припишаната добивка по истекот на осигурителниот период. Дополнително, преку овој инструмент осигуреникот обезбедува финансиска сигурност за најблиското семејство во случај на настанување на несреќен случај со фатални последици, смрт од болест или незгода. Во рамките на животното осигурување овозможуваме вклучување на дополнително осигурување од незгода и осигурување од тешко болни состојби.
Дополнителното осигурување од несреќен случај овозможува осигурителна заштита од незгоди и повреди. Дополнителното осигурување од тешко болни состојби овозможува осигурителна заштита од преживување 12 тешки болести, кои се повеќе заземаат епидемични размери. Осигурителениот надомест на осигуреникот ќе му обезбеди неопходни парични средства за лекување кои не ги покриваат другите осигурувања на осигурителниот период.
Колкав е минималниот период за склучување на полисите за животно осигурување, а на колкав период обично граѓаните ги прават договорите?
Учета Дузлевска : Осигурувањето на живот е долгорочно решение, кое нуди комбинација на најбезбеден облик на штедење, сигурност како и осигурување. Овој вид на долгорочно штедење и вложување во сопствено осигурување за осигуреникот обезбедува финансиска поддршка во доцните години од животот, како и заштита кога е најпотребно. Минималниот период за склучување на полисите за животно осигурување е 10 години. Нашето искуство говори дека секој осигуреник склучува полиса за животно осигурување во зависност од своите можности, а периодот го одредува во зависност од потребите за кои подоцна би ја наменил заштедата.
Така, имаме осигуреници чии полиси се склучени до нивното заминување во пензија, односно осигуреници кои штедат за своја мирна старост. Кај детското штедно осигурување периодот најчесто се одредува со полнолетноста на детето, односно траењето на осигурувањето најчесто е до полнолетност на детето. Сепак, нема некое строго правило бидејќи секоја полиса се креира согласно потребите и можностите на осигуреникот.
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛЕН ПОТЕНЦИЈАЛ ЗА РАСТ НА ОСИГУРУВАЊАТА
Може ли една паралела, каде е Македонија во делот на животното осигурување споредено со земјите од регионот?
Учета Дузлевска: Република Македонија е на самиот праг на развојот на животното осигурување. Двоцифрените стапки на раст, забележани изминатите години се показател дека најголем дел од пазарот сеуште е неискористен. Во развиените земји во светот премијата за животно осигурување учествува со речиси 80% па и повеќе во вкупната премија за осигурување, учеството во вкупната осигурителна премија кај нас е сеуште 9% што претставува меродавен показател дека најголем дел од пазарот е се уште неискористен.
Степенот на густина или премијата за животно осигрување по глава на жител во Хрватска изнесува повеќе од 70 евра, во Грција таа изнесува повеќе од 160 евра, во Турција, Србија, Бугарија и Црна Гора е забележана просечна премија од речиси 20 евра, додека пак истата во Р. Македонија изнесува 5 евра. Културолошкиот пристап на населението и штедните навики се еден од клучните фактори кои ја детерминираат продажбата за животно осигурување. Со заздравувањето на макроекономските показатели очекуваме животните осигурувања да ја превземат водечката позиција во вкупната премија од осигурувањето. Со брзиот развој на пазарното општество, се развива и свеста за потребата за планирано штедење. Ако се земе во предвид дека домашната економија полека дава сигнали на закрепнување од финансиската и економската криза, тогаш неизбежни се очекувањата за уште поуспешни години и вртоглаво растење на животното осигурување во следнава деценија.