Кандидатот треба да ги задоволува следните услови:
• Да има завршено најмналку четиригодишно високо образование ВСС од областа на информатика и информатички технологии (Природно математички факултет, ФЕИТ,ФИНКИ) или да е при крај со студиите.
• Потребно е кандидатот да има искуство во анализа и дизајн на софтверски решенија
• Искуство во развој на софтвер и пишување на техничка документација.
• Пожелно е искуство со работа на релациони бази на податоци, Oracle Database 11g/12c и/или MS SQL Server.
• Кандидатите пожелно е да имаат искуство во работа со различни оперативни системи Windows и/или Linux OS
УСЛОВИ:
- Избраните кандидати ќе работат со полно работно време - неделното работно време е 40 часа во Скопје
- Исплата на конкурентна фиксна плата
- Исклучителна можност за напредување со конкретно претставен кариерен план
РАБОТНИТЕ ЗАДОЛЖЕНИЈА ВКЛУЧУВААТ:
- Администрација на базите на податоци и анализа на податоци во база;
- Изработка на различни извештаи и прегледи од базата на податоци за разни анализи во работењето;
- Вршење анализи на функционалноста на апликациите во врска со барањата на разни организациски делови на Друштвото;
- Следење, ажурирање и хостирање на web страницата на Друштвото
ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА:
- Работна Биографија (CV) и мотивационо писмо Ве охрабруваме да ни испратите Ваша биографија, на е-mail адреса: kariera@cro.mk со назнака: Пријава за вработување – Администратор за бази во служба за IT
- Сите апликации за вработување ќе бидат третирани како строго доверливи. Со праќањето на апликацијата за вработување, се согласувате вашите лични податоци да бидат користени за пополнување на слободните работни места во рамките на Кроациа Осигурување - Живот АД Скопје, сè додека не нè контактирате за да ја повлечете вашата согласност Доколку Вашите квалификации одговараат на нашите потреби, ќе Ви се обратиме за да Ве повикаме на разговор.