Сите посакуваме нашите деца да живеат долг, здрав и квалитетен живот, поради што детското животно осигурување се чини како врвен приоритет. Познати се придобивките од животното осигурување, но донесувањето ваква одлука е уште поемотивно кога се работи за најмладите. Животното осигурување на децата вклучува две компоненти - осигурување и штедење. Родителите треба навреме да вложуваат и да ги планираат финансиите за да им обезбедат сигурна иднина на децата. Со вложување во детско животно осигурување вашето дете е обезбедено, а воедно и штедите за негова поубава иднина.
Постојат неколку предности за купување животно осигурување за децата, меѓу кои треба да се истакнат загарантираното покритие, заклучувањето на најниски премиум стапки и пристап до паричната вредност за иднината.Вредноста на детското штедно осигурување никогаш не старее и не се губи, за разлика од сите материјални добра што би ги купиле.Навременото инвестирање во сигурноста и иднината на најмладите е најмудрата одлука во текот на животот, па се поставува прашањето како и каде правилно да вложувате, а притоа да имате сигурни придобивки од својата инвестиција.
Образованието и едукацијата се мост помеѓу соништата на децата и реалноста. Мост што го поминуваме за да се оствари одговорот на прашањето: „Што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш?“. Секој родител сака на своите најмили да им обезбеди квалитетно образование, но квалитетното образование подразбира сериозна инвестиција.
„Кроациа осигурување - живот“ ви нуди сигурен начин да создадете капитал во насока на обезбедување најдобра иднина на вашето дете. Коко инвест осигурување на животот претставува единствена можност да ги осигураите своите најмили од ризиците што ги носи детската игра и притоа да заштедите за нивна иднина. Се работи за полиса согласно со вашата потреба, која овозможува временски и просторно неограничено осигурување, соможност за остварување атрактивен принос со умерен ризик и професионално управување со средствата на фондот. Осигурувањето нуди можност за диверзификација на портфолиото по земји, валути и инструменти.
Коко инвест опфаќа деца на возраст од 1 месец до 13 години, а осигурувањето трае 10 до 25 години (максимум до 25-годишна возраст на детето). Минималната премија за повеќекратна уплата изнесува 300 евра, додека минималната премија за еднократна услуга е 2500 евра. Може да се плаќа месечно, годишно, квартално, полугодишно, годишно и еднократно, а постои можност и сами да избирате инвестициски фонд.
Дополнителни придобивки се можноста за зголемување на осигурената сума во висина од 3 процента за постигнат одличен успех во средно образование. Постои и можност за вклучување дополнителни компоненти за осигурување: дополнително осигурување во случај на незгода/повреди и дополнително осигурување во случај на оперативни зафати.