Животното осигурување докажано е највисока форма на грижа и подарок на љубов, а индивидуалното животно осигурување од Кроациа во месец март може да донесе и многу повеќе. Животот вообичаено ни приредува изненадувања, некогаш не толку пријатни, но можеме да се подготвиме тие изненадувања да ги пресретнеме спремни, осигурени и обезбедени за нашата иднина. Со полиса за индивидуално животно осигурување се добива долгорочно решение за штедење, сигурност и, пред сè, осигурување. Комбинација од трите неопходности што ни се потребни и се наш штит наспроти неизвесноста на иднината и тоа што ни носи животот.
Кроациа осигурување досега се докажала како компанија што создава и нуди производи создадени според потребите на граѓаните и со многу дополнителни предности, покрај привлечноста на основниот производ. Така и овој пат, во текот на месецот на жената, индивидуалното животно осигурување носи дополнителна вредност. За сите нови осигуренички коишто во месец март ќе склучат полиса со минимално времетраење од 10 години за индивидуално осигурување ќе добијат подарок - ваучер за премија.
Штедењето во индивидуалната полиса за животно осигурување е посебно корисна компонента затоа што овозможува сигурен капитал за времето кога се намалува финансиската моќ, особено по одењето во пензија. Исто така, паричните средства загарантирано се исплаќаат по истекот на осигурениот период, временски и просторно е неограничено и брзо се исплаќа осигурената сума при несакан исход и настанување осигурен случај.
За повеќе информации за можностите и опциите на индивидуалното животно осигурување обратете му се на вашиот агент за осигурување или јавете се на 15510.