„Сигурноста на животот и извесноста на иднината остануваат највисоки вредности кон кои се стремиме и во овие турбулентни и неизвесни времиња“, го почнува своето излагање Маја Станковска Костова, генерална директорка на „Кроациа осигурување живот“, за годишникот „Економист: Светот во 2022-та“
Овие цели си ја задржуваат својата константност поради длабоката вкоренетост во суштината и оправданоста во улогата во животот на граѓаните. „Кроациа осигурување живот“ своето работење го темели врз истите тие вредности – значењето на животот и ставањето на граѓаните во центарот на вниманието, целосен фокус на клиентот и создавање нови можности со кои влијаеме на пазарот.
Како резултат на зголемувањето на информираноста на граѓаните и свеста за потребата од осигурување, осигурителниот пазар во Македонија расте и се проширува.
Во оваа тенденција го гледаме и нашиот придонес на пазарот во Македонија, а успехот на Кроациа, пред сè, се должи на нашата проактивност и иновативност во развојот на нови производи и повисоко ниво на услуга.
Како лидер на пазарот и прва компанија за осигурување на животот во државата, веќе сме во нов циклус од работењето, така што веќе 6 години редовно вршиме исплати по основа на договори со завршен период на осигурување, со што градиме искуство на пазарот на користење на бенефициите од склучен договор за осигурување.
Овие исплати од година на година се зголемуваат, од 2,2 милиона евра во 2020 година, 2,5 мил. евра оваа година, а во следната година очекуваме исплата по основа на договори со истек во износ од 2,8 милиона евра, што е потврда за сигурноста и стабилноста на работењето.
Тоа се средства што ги акумулирале нашите клиенти во текот на договорот за животно осигурување и сега им се исплатени. Овие договори се склучувани во период од 10 до 25 години, што зборува за степенот на заемната доверба, којашто што ја градиме со нашите осигуреници.
Голем број осигуреници ги продолжуваат полисите или ги прошируваат на други членови на семејството, на следното поколение, со што се гради една убава и вредна традиција на вистинска грижа за сигурноста и основа за поквалитетен живот во иднина.
Паралелно на тоа, со целосен фокус на клиентите, како наша клучна вредност, ние создаваме долгорочна компаниска стратегија со цел да одговориме на потребите на клиентите а во насока на зголемување на основното покритие, достапноста на нашите производи и информирање, едуцирање на граѓаните за придобивките што може да ги имаат и начините да ја подобрат својата животна благосостојба.
Eдна од развојните точки на која активно и посветено ќе продолжиме да работиме во 2022 г. е развој на банко-осигурувањето. Тоа има значаен придонес во развојот на пазарот.
Банките, како најактивни учесници на финансискиот пазар, придонесуваат за информирање на граѓаните, креирање финансиска писменост и за зголемување на свесноста за потреба од поседување полиса за осигурување на животот.
Преку интензивна соработка со банките, заедно лансираме единствени производи со дополнителна вредност и ја збогатуваме понудата за нашите клиенти.
„Кроација осигурување“ создаде пристап што го води осигурителниот бизнис кон предвидливи и сигурни исходи. Управуваме со средства од над 60 милиони евра, што нè прави убедливи лидери на пазарот, овозможуваме стабилно и профитабилно работење и, најважно, гарантираме стопроцентна сигурност за клиентите.
Веќе втора година живееме во најголема неизвесност, животот се менува секојдневно и создаваме нови навики на функционирањето и сите потреби се адаптирани на овие промени“, вели Александар Манев, генерален директор на „Кроација осигурување неживот“.