Пандемијата ќе заврши и ќе запловиме во посигурни води, следствено на ова, Кроациа осигурување-живот во 2022 ќе ја потврди лидерската позиција на пазарот на животното осигурување, вели генералната директорка на компанијата, Маја Станковска за Фактор. Оценува дека пазарот на животното осигурување во Македонија е во развој, што според неа остава дополнителен простор за раст. Желбата на Станковска за годинава која почнува е здравје на сите, многу патувања и дружба, за да се надоместат минатите две години.
Очекуваме заздравување на економијата во следната година, што ќе влијае позитивно на условите за работа на нашиот пазар и раст на пазарот на осигурувањето. Сепак постои неизвесност како резултат на епидемиолошката состојба, која веќе долго време очекуваме да заврши, и растот на цените на енергенсите.
Пазарот на животното осигурување кај нас е во развој, така што има многу дополнителен простор за раст. Во овој период на здравствена криза сè повеќе се наметнува потребата од поседување полиса за осигурување на животот и обезбедување финансиска сигурност за себе и за најблиските членови на семејството.
Секогаш сме фокусирани на можностите и ја играме нашата игра настојувајќи да ги антиципираме тековите од околината. Концентрирани сме на препознавање на потребите на клиентите, на деловните партнери и тимот на Кроациа осигурање живот, а со самото тоа доаѓа и резултатот. Успехот, како што велат, е резултатот на вкупната енергија на организацијата минус енергијата потребна за надминување на внатрешната фрикција. Работејќи заедно подолго време, успеваме најголемиот дел од енергијата да го посветиме на нашите клиенти.
Како ја завршувате вие оваа пандемична година, какви се показателите од работата и со каква стратегија влегувате во следната година?
Втора година работиме во услови на пандемија. Ограничувањата што ги донесе пандемијата ги препознавме како можност и поттик за поголема креативност во работењето. Пандемичната година донесе многубројни предизвици, кои тимот на Кроациа осигурување живот успешно ги надмина и постигнавме одлични резултати во однос на растот на премијата и финасискиот резултат. Работиме во компанија со традиција, финасиски стабилна и сигурна, што е дополнителен мотив за секој член од тимот да се стреми кон остварување на поставените цели, пред сè, да постигнеме поголемо задоволство кај нашите клиенти. Остануваме посветени на препознавање на потребите на клиентите со цел да понудиме соодветно осигурително покритие, достапност на производите и повисоко ниво на услуга.
Кои три работи очекувате сигурно да се случат во 2022 година, а кои три ги поскаувате за себе и за компанијата што ја раководите?
Во однос на очекувањата, во 2022 Кроациа осигурување живот ќе ја потврди лидерската позиција на пазарот на животното осигурување, пандемијата ќе заврши и ќе запловиме во посигурни води.
Најпрвин им пожелувам здравје на сите, многу патувања и дружба, за да надоместиме за минатите две години.
На професионален план продолжување на успешната работа на Кроациа осигурување живот со повеќе проекти, кои ќе донесат дополнителни бенефити за нашите клиенти, но и за пошироката заедница.
На сите читатели, на нашите вработени и клиенти им пожелувам чудесна Нова 2022, здравје, љубов, среќа, успеси на деловен и на личен план.