Божиќните и новогодишните празници се наближуваат и овој период од годината, покрај големиот празничен шопинг, традиционално се одбележува наградувањето, кое го прават успешните компании како благодарност за менаџерскиот тим за залагањата и ангажманот без кои компанијата не би остварила успешна година.
Наградувањето најчесто е со исплата на бонуси. Но годинава, ако сте успешна компанија, можеби е вистинско време на своите менаџери да им подарите нешто поинакво, нешто што ќе претставува нивна заштита од несакани ситуации и истовремено ќе биде финансиски стимул, кој ќе се зголемува со годините. Станува збор за менаџерското осигурување, кое сè почесто се користи како метод за наградување, но и за зацврстување на заемниот однос меѓу вработените и компанијата.
Со осигурување на својот клучен кадар една компанија ги потврдува стручноста и улогата на тој кадар во фирмата, покажува дека го вреднува трудот што го вложува, го цени неговиот потенцијал и свесна е за неговата улога и за влијанието врз деловните резултати на компанијата. Светските истражувања утврдиле дека менаџерите, кои се целосно задоволни од компаниите за кои работат, обезбедуваат постојан раст на бизнисот, а задоволството произлегува, пред сè, од чувството на сигурност што го обезбедува компанијата за својот менаџер.
Менаџерското животно осигурување од Кроациа осигурување – живот претставува алатка за зголемување на лојалноста и задоволството на менаџерите, бенефит во форма на финансиски бонус,ја зголемува посветеноста кон компанијата, а истовремено овозможува и врвна осигурителна заштита и покритие. Во ова осигурување се повратни средствата што се вложуваат, опфаќаат пристапно лица на возраст до 65 години и даваат можност да се интегрираат во компензирачките пакети на компанијата. Траењето на осигурителната полиса е приспособливо на потребите, а осигурената сума се формира во зависност од можностите, потребите и дефинираните менаџерски бонуси.
Предноста на овие програми за животно осигурување е тоа што, освен штедењето, програмите нудат финансиска поддршка при настанување тешки болести, кои сè повеќе се присутни поради модерниот начин на живеење и во современите професии. Осигурителното покритие опфаќа и несакани настани предизвикани од ковид 19.