Croatia osiguranje

Осигурување или зошто е важно да мислиме однапред на ситуации што „нема нам да ни се случат”

Објавено на: 02/12/2021

Иако донекаде можеме да ги планираме нашите животи, сосема јасно е дека никој не може да предвиди што носи иднината. Едноставно, сè уште не можеме да предвидиме или спречиме можни негативни настани, ниту пак опасности кои би можеле да го загрозат нашиот начин на живот, здравје и имот.

Има голем број ситуации и настани кои се случуваат без наша волја - пожари, поплави, кражби, сообраќајни несреќи, болести ... Оштетување на автомобил предизвикано од природна катастрофа или поплава, поради кражба или злонамерни постапки на трети лица, може да биде исклучително големо и ретко кога за ваквите немили настани можеме да бидеме целосно финансиски подготвени. Дури и непланиран дефект во домот или пад поради замрзнати скали и добивање притоа повреда или скршеница, можат за нас да претставуваат непредвидени трошоци,  во услови на ограничени финансиски можности.

Позајмиците, било од пријатели или од банка, се краткорочно решение кон кое, во такви ситуации често посегнуваме. Сепак, постои поедноставен начин како да се заштитиме од последиците на животните ситуации кои можат да нè снајдат и со тоа да ги минимизираме ризиците од последиците. Тоа е осигурувањето.

Денешниот систем на осигурување се базира на веројатноста, односно ризикот нешто да се случи. Иако немаме можност да знаеме кога и дали ќе се случи несреќа или немил настан, ако тој сепак се случи, по правило штетата е голема. Затоа, осигурителниот систем работи на принцип дека поединечните плаќања на мали суми, многу помали од трошоците за штетата, создаваат голем фонд од кој е можно да се плати соодветен надомест кога ќе се случи несреќа.

Дополнително, осигурувањето не треба да се гледа само како форма на заштита од непланирани финансиски трошоци, несреќи и инциденти, што се обезбедува со полиси за неживотното осигурување, туку и како сигурна и паметна инвестиција која ја обезбедува полисата за  животно осигурување.

Кроација осигурување и во делот на неживотното и кај животното осигурување нуди различни видови покритија каде секој кој сака да обезбеди своја сигурност или сигурност на своето семејство, може да избере меѓу најразличните видовите ризици кои ќе бидат покриени. Дали тоа ќе биде осигурување на домот, возилото, патничко осигурување, дополнителното здравствено или, пак, штедење преку животното, детското штедно или инвестициско осигурување, секој избира и одлучува сам. Она што е важно е навреме да се превенира иднината, бидејќи, како што се вели, паметните луѓе планираат однапред.

Чувството на сигурност е непроценливо во мерењето на нивото на квалитетот на нашите животи. Важно е да бидеме одговорни за нашата иднина, да ги користиме сите расположливи механизми кои можат да ни обезбедат заштита во материјална и во духовна смисла. Еден од нив е осигурувањето, бидејќи тоа ни овозможува да ги превенираме непредвидените ситуации и да бидеме спокојни.