Кроациа осигурување е една од најголемите осигурителни компании во државата и силен бренд со широко портфолио производи, атрактивни иновативни решенија, сигурни врвни услуги и јасен фокус на клиентот. Секојдневно се стреми кон остварување на високопоставените цели и посакуваните резултати, вложувајќи многу труд, знаење и ентузијазам во изминатите години со цел остварување висок квалитет на осигурителни услуги.
Денес Кроациа осигурување е стабилна осигурителна компанија, која сѐ уште се издвојува како единствена ИСО (ISO) сертифицирана осигурителна компанија во Македонија со меѓународен сертификат за воспоставен систем за управување согласно со стандардот за квалитет ИСО (ISO) 9001:2015. Гарантирајќи сигурност на вложените средства, овозможувајќи најатрактивна понуда на осигурителни производи, Кроациа осигурување е компанија во која македонските граѓани имаат доверба и на која без двоумење ѝ ги доверуваат својата сигурност и сигурноста на своите најмили.
Компанијата е предводник во креирањето и имплементацијата на новите трендови во индустријата. Со промена на секојдневието на клиентите, се менува и компанијата креирајќи нови и напредни решенија.
При склучување договор за осигурување, важно е осигурениците да бидат добро информирани и да ги познаваат клучните термини и нивното значење. Со Посебните услови за осигурување се уредуваат меѓусебните односи на учесниците во договорот за осигурување. Одделните поими што се користат во овие Посебни услови го имаат следново значење:
- понуда е предлог за склучување договор за осигурување,
- понудувач е лице што има намера да склучи договор за осигурување,
- осигурувач е Кроациа осигурување АД-Друштво за осигурување,
- договорувач е лице што склучува договор за осигурување со осигурувачот и презема обврска за плаќање на премии и други обврски,
- осигуреник е лицето на кое се однесува осигурувањето и од чие доживување или смрт зависи исплатата на договорената осигурена сума,
- корисник на осигурувањето е лицето на кое му се исплаќа договорената осигурена сума,
- договорена осигурена сума е сумата определена со договорот, која ја исплаќа осигурувачот,
- полиса е исправа за склучениот договор за осигурување,
- премија на осигурувањето е износ што е должен да му го плати договорувачот на осигурувачот,
- капитализација е намалување на износот на осигурената сума како последица на престанокот на уплата на премијата,
- откуп е износот што го исплаќа осигурителот при предвремен престанок на осигурувањето.