Кроација осигурување, по одлуката на Владата за воведување енергетска кризна состојба, како општествено одговорна и совесна компанија, воведува рестриктивни мерки за заштеда на електричната енергија. Осигурителната компанија, како деловен субјект, се приклучува на таа иницијатива и во сите свои простории воведе мерки за рационално користење електрична енергија, па во насока на оваа цел се исклучуваат и сите светлечки реклами во експозитурите на Кроација во земјата. На 9 ноември Владата донесе одлука за прогласување енергетска кризна состојба во траење од 30 дена поради постоење ризик од недостиг на електрична енергија и со цел да се ублажат последиците од глобалната криза во енергетскиот сектор.