Изминатиот период нè научи на многу нешта, ни ги предочи работите што ни се важни и што треба да ги заштитиме. Нè увери дека животот треба да го планираме и да ја обезбедиме иднината.
Животот е единствен за секого, бесценет и прекрасен. Ако минатите моменти го облагородуваат, идните чекаат ние да ги креираме, а што ќе испишеме и каква приказна ќе создадеме, зависи само од нас. Можеме да го збогатиме со уникатни моменти и содржина што самите ќе ја создадеме. Дали тоа ќе бидат патувања на егзотични места, дестинации за кои сонуваме, сите големи планови можеме да ги реализираме и со тоа да ги создадеме идните скапоцени животни моменти.
И да, за повеќе да уживате во животот потребни се средства за да ги исполните сите планови и да ги создадете ексклузивните моменти. Но и тоа е остварливо и возможно. Само со еден потег, може да го осигурите животот, да штедите за идните планови и да ги оплодувате средствата. Тоа е уникатната понуда од Кроациа, Ексклузив осигурување на живот, што претставува ексклузивна полиса за животно осигурување со која освен што го осигурувате животот сега, во моментот, уште и преку штедењето и оплодувањето на средствата, добивате можност да ги создадете сите моменти кои ги посакувате и за кои сонувате.
Ова е посебен и уникатен производ затоа што за осигуреникот овозможува повеќе придобивки и поголема осигурена сума во однос на уплатената премија. Со овој тип осигурување, обезбедувате финансиска сигурност за себе и за семејството, заштедувате средства што се сигурен капитал за разните животни приоритети. Достапна е за лица од 14 до 65 години и со траење на осигурувањето од 10 до 25 години, со што се овозможува создавање капитал толку значаен и потребен за сигурни и обезбедени пензионерски денови. Исто така, оваа полиса е достапна и за деца од 1 месец до 13 години. Овозможена е и еднократна уплата на премијата за целиот осигурителен период, а во спротивно минималната уплата на премија е 1000 евра за деца до 13 години и 2500 евра за осигуреници од 14 до 65 години.