Создавањето услови за сигурна иднина, за добро обезбеден и квалитетен живот за детето е најголемата грижа и преокупација на родителите. Обезбедувањето иднина започнува од високото образование за што потребни се извори на финансии, а кои не секогаш се достапни, освен ако не се размислува и планира со време.
Еден од начините за обезбедување и гарантирање на високото образование за децата, за создавање капитал што се повеќе е потребен, е преку животната полиса Мое образование од Кроациа осигурување.
Оваа полиса има штедна компонента затоа што вложените средства во текот на осигурениот период во висина на договорена осигурена сума се повратни, а истовремено осигуреникот има целосно осигурително покритие.
„Квалитетното високо образование чини многу, посебно кога средствата се потребни во истиот момент одеднаш. Обезбедување средства за посакуваното високо образование преку животно осигурување е сè почеста практика, а полисата Мое образование е наменета токму за тоа. Во исто време обезбедува двојна придобивка, штедење со животно осигурување и акумулирање на вложените средства кои се повратни по истекот на осигурувањето”, велат од Кроациа осигурување.
Со полисата Мое образование корисникот на средствата има загарантира сума за запишување на факултет односно акумулираните средства може да се искористат како уплата кон образовната институција, во вид на стипендиска рента или школарина, а доколку корисникот не се запише на факултет, сумата секако се исплаќа на корисникот на одредена возраст дефинирана со договорот.