Croatia osiguranje

Колективно животно и здравствено осигурување како мотиватор и наградување на вработените

Објавено на: 30/03/2021

Стимулирањето и мотивирањето на вработените станува се поголем предизвик за работодавците. Како резултат на отворањето и динамичноста на пазарот на трудот, посебно кај помладите кадри и современите професии, менувањето компанија и работодавец е се почеста појава. Подобри услови за работа, перспектива и финансиски надомест се главните причини за менувањето работа. Се бараат дополнителни начини како да се задржат добрите вработени, што е целта на секој работодавец посебно кога станува збор за добро функционален и усогласен тим, што на крајот резултира со постигнување подобри вкупни резултати за компанијата.

Во некои сектори, како ИТ индустријата, основните базични услови што ги бара секој вработен, плата и работна средина, многу често се повеќе од задоволени, така што стои потребата да се најдат други начини за да се стимулира посветеноста на вработените и да се мотивира нивниот развој во рамките на компанијата. Еден од начините за дополнително наградување на вработените за кои многу работодавци не се свесни е осигурување, односно колективно осигурување на сите вработени.

Освен наградување, колективното здравствено и животно осигурување на вработените, може да биде и мотивирање за посветеноста, но исто така може да се вгради во основната понуда на услови за работа. Овој метод и алатка за задржување на вработените многу често се користи во развиените земји, а кај нас оваа практика полека зазема значајно место на пазарот на трудот и тоа особено во индустриите кои се доста често подложни на флуктуација на кадар. Користејќи ги овие, веќе потврдени, практики и позитивни искуства, неодамна компанијата Костал, која воедно е странски инвеститор во земјава, преку Кроациа осигурување склучи договор за здравствено осигурување, со кој ги осигура сите 860 вработени.

Според оваа осигурителна компанија, што долго работи на домашниот пазар и со најголемо искуство, придобивките од колективното животно и здравствено осигурување се бројни. Освен што служи за мотивација, обезбедува целосна сигурност за вработените, уште придонесува и за привлекување и задржување на клучниот кадар, а компанијата покажува дека се грижи за вработени и нивните семејства со вложување во заедничка иднина со сите нејзини вработени. Вработените, пак, покрај обезбедување долгорочна иднина во компанијата, со ваквиот чекор, кога станува збор за здравствено осигурување, уште добиваат, во зависност од компанијата преку која оди осигурувањето, врвна медицинска услуга и привилегиран третман, без грижи за трошоците, мрежа од приватни здравствени установи низ целата земја, кои исполнуваат високи стандарди на здравствена заштита, можност за вклучување на членови на семејството и можност за лекување во странство.