Кроација осигурување живот А.Д. Скопје, како општествено одговорна компанија ги поканува сите млади од Републиката, вработени, студенти и невработени за учество под нејзино покровителство во бесплатната 3-дневна обука во живо on-line (преку Zoom) за вештините, алатките, знаењето и начинот на размислување кои ви се потребни за да ги водите другите:
Лидерски вештини за млади - Aspiring Leadership
Обуката ја извршува Мотива Центарот за образование и обука
Обуката трае 3 дена: 28, 29 и 30 Септември 2020 год. од 18:00 до 20:30 часот
Како да напредувате во кариерата и да дојдете до работното место што го посакувате? Како да направите позитивно влијание врз другите? Како да градите ангажирани продуктивни тимови? Како да бидете лидер?
Обуката е исполнета со активно искуство за учење, вмрежување, менаџмент игри, гости спикери, панели, работа во помали тимови, забава и награди.
Секој учесник бесплатно добива сертификат за завршена обука.
Со цел да си резервирате место јавете се или пишете порака со ваш телефон да ве контактираат претставниците на Мотива на тел. 070 358 680 и 02 306 1114.
Програмата на семинарот Лидерски вештини за млади-Aspiring Leadership опфаќа теми со следниве содржини:
- Запознајте се себе си. Кој стил на лидер сте Вие? Од каде да почнете да се подобрувате - критичко размислување.
- Водење со интегритет - Самосвесност и самобрендирање
- Подгответе се за работата која сакате да ја работите
- Карактеристики на Inspirational leadership, како успешните лидери ги инспирираат луѓето
- Комуникациски вештини за остварување влијание и инспирирање на другите за поголема ангажираност и продуктивност
- Eмоционална интелигенција - Развивање на стратегии за подобрување на сопствениот EQ
- Развивање и водење на тимови со тимска вежба
- Водење промени – идни вештини за раководење-припрема за транзиција (дигитални вештини и постојни трендови)
- Улогата на лидерот како мотиватор, ментор и коучер
- Управување со време- поставување на цели, воспоставување на приоритети и делегирање
- Web Platforms for online distance learning
- Акционен план за континуиран развој на специфичните компетенции
- Covid-19 Искуства за превентива
Мотива контакт телефон 02 3061 114 или мобилен 070 358 680.