„Животот е непредвидливо патување. Одбери сигурност! Одбери полиса за осигурување живот од „Кроациа Осигурување - Живот АД Скопје“!

Објавено на: 02/04/2020

Живееме во чудни денови за кои до скоро не можевме ни да помислиме дека би се случиле кај нас. Изолација, затворање на компании и губење на работни места, како и несигурност на нашата иднина и иднината на нашите најблиски.

Природно е да се сакааат убави нешта и да се живее сегашноста во полн ек.

До скоро нашите размисли беа насочени кон убави патувања, комфорен живот без согледување на итна потреба да оставиме нешто зад нас.

Клиентите на „Кроациа Осигурување - Живот АД Скопје“ сметаа поинаку. Тие пронајдоа вистински партнер каде ќе можат слободно да вложуваат во полиса за животно осигурување, знаејќи дека нивните средства се безбедни и дека обезбедуваат финансиска сигурност за најблиските при несакани настани или тешки животни ситуации на најблиското семејство, токму тогаш кога имаат најголема потреба од тоа.

Полисата Индивидуално осигурување на животот го има водечкото место во портфолиото на „Кроациа Осигурување – Живот“, претставувајќи најатрактивна комбинација на карактеристики и придобивки кои вклучуваат:

•            Поврат на вложените средства во вид на загарантирана осигурена сума за доживување која се исплаќа по истекот на Договорот за осигурување;

•            Осигурително покритие во случај на смрт од болест;

•            Двојно осигурително покритие во случај на смрт од незгода;

•            Здравствено осигурување од тешко болна состојба;

•            Здравствено осигурување од малигни болести;

•            Осигурување од незгода.

Осигурувањето на живот е долгорочно решение кое нуди комбинација на најбезбеден облик на штедење, сигурност, како и осигурување, и е целосно приспособливо на индивидуалните потреби на клиентите.

„Кроациа Осигурување“ е друштво формирано во далечната 1884 година. Оттогаш наваму, многу работи во светот се променија, многу пандемии и кризи, но она што сме го докажале е дека сме ја зачувале довербата на нашите клиенти и сме ги заштитиле и оплемениле нивните средства. Токму тоа и нè прави лидер на пазарот на животно осигурување.

Животот е непредвидливо патување. Одбери сигурност за цел живот, одбери полиса за осигурување  живот!

Дозволете да Ве направиме безгрижни.

Ваша, „Кроациа“.