Croatia osiguranje

НЕЗАБОРАВНО ПАТУВАЊЕ ЗА НАЈРЕДОВНИОТ ПЛАЌАЧ!!!

Објавено на: 06/12/2019

Почитувани осигуреници,

Кроациа осигурување како и секогаш така и овој пат знае да ја препознае лојалноста на своите клиенти.

Сакаме да ве известиме дека и оваа година ја наградуваме лојалноста на нашите редовни плаќачи подарувајќи незаборавно патување. Редовното подмирување на премијата за осигурување на живот Ве рангира во категоријата на редовен плаќач за 2019 година.Нaјсреќниот  осигуреник кој редовно ги сервисирал своите обврси за плаќање ќе биде добитник  на “Патување за двајца во Боровец” - најстариот и најпопуларен ски центар во Бугарија.

Ние ја цениме Вашата доверба во нас.

Кроациа осигурување АД Скопје