Прекрасно дружење на целиот Тим на Кроациа Осигурување – Живот: Одборот на директори - директно од Загреб, Управата на Компанијата и вработените!!! Заеднички направивме ретроспектива на историски успешната 2018 година и патот кој Компанијата го помина сите изминати години. Генералната директорка, Вилма Учета-Дузлевска, ги претстави сите добитници на награди од Бенефиција плус програмата во 2018 година, а се потсетивме и кои беа највредните наши вработени изминатата година. Премиерно на настанот, своите успешни приказни во видео-порака ги раскажаа и Директорите на Директна и Бизнис продажба, Дијана Атовска и Горан Божиновски.
Во своите обраќања, членовите на Одборот на Директори - г. Роберт Вучковиќ и г. Жељко Јукиќ ни упатија искрени честитки и голем аплауз за 46,2 % учество во пазарниот удел и 74,1% застапеност на полиси на пазарот за животно осигурување за целиот тим и поддршка за годините кои престојат.