Croatia osiguranje

Кроациа осигурување Живот е дел од светското движење „Pay it forward"

Објавено на: 09/04/2019

Оваа година Кроациа осигурување Живот се приклучува кон акцијата „Pay it forward„ (направи добро дело и продолжи понатаму) во организација на Инер Вил Клуб Скопје Еуропеа https://www.facebook.com/InnerWheelClubSkopjeEuropea/

Драги наши пријатели,
Ве покануваме на 14 април (недела) на Школка во Градски парк од 10:30 - 14 часот заедно да го одбележиме април, месецот посветен на зголемување на свеста за аутизмот преку правење добри дела или попознато како "Pay it forward". 
Тој ден ќе ги славиме хуманоста, човечноста, како и почитувањето и прифаќањето на различностите. Тој ден ќе ја славиме љубовта, ќе ја шириме добрината, љубезноста и позитивната енергија.

Линк за настанот: https://www.facebook.com/events/415157632384576/