Croatia osiguranje

Меѓународен ден на осигурување: Дали го осигуравте највредното нешто што го имате?

Објавено на: 01/11/2018

Дали Вашиот автомобил, стан или имот вреди повеќе од Вашиот живот и иднината на Вашето семејство?  Дали сте размислувале во колкава мера Вашето семејство е финансиски зависно од Вас?

Се повеќе Македонци се одлучуваат да обезбедат финансиски сигурна иднина за своето семејство со склучување на полиса за осигурување на живот.

Оваа полиса примарно гарантира исплата на осигурена сума која обезбедува финансиски сигурна иднина за најблиското семејство на осигуреникот. Дополнително, оваа полиса може да вклучува осигурителни компоненти кои Ве штитат од незгода и болести, а нејзината атрактивност ја зголемува фактот дека компанијата врши поврат на вложените средтства доколку осигуреникот го доживее истекот на полисата.

Водечката компанија за осигурување на живот, Кроациа осигурување – Живот, располага со портфолио на производи кое е така прилагодено да секоја полиса претставува единствено решение целосно приспособливо на Вашите индивидуални потреби и можности, односно сами ја избирате висината на осигурената сума, начинот на плаќање, како и ризиците од кои сака да биде осигурани.

CROATIA PREMIUM полисата го има водечкото место во портфолиото на оваа компанија, претставувајќи најатрактивна комбинација на карактеристики и придобивки кои вклучуваат:

  • Поврат да вложените средства во вид на загарантирана осигурена сума за доживување која се исплаќа по истекот на Договорот за осигурување;
  • Осигурително покритие во случај на смрт од болест
  • Двојно осигурително покритие во случај на смрт од незгода;
  • Здравствено осигурување од тешко болна состојба;
  • Здравствено осигурување од малигни болести;
  • Осигурување од незгода.

Во продолжение Ви проследуваме пример на CROATIA PREMIUM полиса склучена од страна на осигуреничка која месечно уплаќа 3.000,00 денари.

Осигурена сума за доживување

Износ кој загарантирано се исплаќа по истек на Договорот

 

15,000.00€

Осигурена сума во случај на тешко болна состојба

(траење на осигурувањето 10 години) 

             

 

        5,000.00

Осигурена сума во случај на малигно заболување

15,000.00 €

Осигурена сума во случај на траен инвалидитет поради несреќен случај

8,000.00 €

Осигурена сума во случај на 100% инвалидитет

12,000.00 €

Дневен надомест за лекување во болница поради несреќен случај

5€

Осигурена сума во случај на смрт поради болест

 (траење на осигурувањето 25 години) 

15,000.00 €

Осигурена сума во случај на смрт поради незгода

(траење на осигурувањето 25 години) 

30,000.00€

За дополнителни информаци поврзани со понудата контактирајте со телефонските оператори на Кроациа Осигурување - Живот на телефонскиот број 071 345 746. Операторите се достапни и за Вибер комуникација.