Се повеќе македонски граѓани го препознаваат животното осигурување како сигурен облик на штедење кое им гарантира заштеда, овозможувајќи им истовремено сигурност при можни ризици.
Осигурувањето на живот е долгорочно решение кое нуди комбинација на најбезбеден облик на штедење, сигурност како и осигурување, и е целосно приспособливо на индивидуалните потреби на клиентите. Овој финансиски инструмент примарно гарантира исплатата на осигурително покритие при немил настан, а дополнително на своите корисници им гарантира и исплата на вложените средства по истекот на осигурителниот период.
Водечката осигурителна компанија за животно осигурување во земјава, Кроациа Осигурување – Живот, четврта година по ред врши исплата на осигурени суми кон своите осигуреници кои склучиле полиса пред повеќе од 10 години.
Имајќи го предвид самиот концепт на животно осигурување, кој подразбира поврат на вложените средства по истекот на осигурувањето, за изминативе 4 години сме исплатиле речиси 4 милиони евра во форма на осигурени суми за доживување кон нашите осигуреници. Дополнително, во 2019 година ќе исплатиме осигурени суми за доживување во износ од 1,3 милион евра по основ на полисите кои истекуваат следната година. Секако, наша примарна обврска е да понудиме сигурност за осигурениците при можни ризици, штедната компонента е само една дополнителна бенефиција на полисата за осигурување на живот – велат од Кроациа Осигурување – Живот АД. Скопје.
Клучна предност која ја има овој финансиски производ, а која ја препознаа македонските граѓани, е комбинацијата на штедна и осигурителна компонента. Македонците препознаа дека ова е единствениот финансиски инструмент кој овозможува долгорочно штедење со истовремено осигурување од неколку ризици (смрт, незгода и болест). Преку овој инструмент осигуреникот обезбедува финансиска сигурност на најблиското семејство во случај на настанување на несреќен настан со фатални последици, а истовремено покрива ризици од појава на болест или несреќен случај.