CROATIA Аcademy & DEKRA ОВОЗМОЖУВААТ ОБУКА „ВЕШТИНИ ЗА УСПЕХ “

Објавено на: 30/10/2018

CROATIA Академија и DEKRA Arbeit Group Ви овозможуваат обука на тема: „Вештини за успех“.

Цел на обуката е стекнување на практични знаења и вештини за млади лица кои ќе им користат во кариерниот развој. 

Која е целта на оваа обука?

  • Стекнување на нови знаења и практични искуства;
  • Унапредување на комуникациските вештини;
  • Развој на компетенции за водење преговори и успешна продажба;
  •  Зголемување на можноста за вработување.

Модул 1 - Комуникациски вештини

Модул 2 – Продажни вештини

Модул 3 – Основи на финансиски пазар

Термин за реализација на обуката: 23 и 24.11.2018 година.

Испратете Ваше CV на akademija@dekra.mk, најдоцна до 18.11.2018 год.

Трошоците за обуката на селектираните кандидати ќе ги покрие Кроациа Осигурување/Живот во рамки на својата Програма за општествена одговорност.

* Бројот на кандидати е лимитиран и само селектираните кандидати ќе бидат контактирани и повикани на обука.

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.