Во насока на континуираното унапредање и креирање на задоволство кај своите корисници Кроациа Осигурување - Живот воведе систем за задоволство на корисниците и процес за управување со поплаки согласно стандардот ISO 10002:2014.
Воспоставувањето на сертифициран систем за нас претставува стратешка определба со цел да понудиме стандардизирана услуга за своите корисници. Имплементацијата на овој стандард има за цел да обезбеди зголемување на квалитетот на услугите, анализа и обезбедување постојана контрола на услугата и подобрување на односите со клиентите.
Издвојувајќи се како прва финансиска институција во Р. Македонија со воспоставен систем согласно стандардот ISO 10002:2014 уште еднаш потврдуваме дека постојано се стремиме да ги утврдиме и исполниме потребите и барањата на корисниците, а со цел постигнување на нивно задоволство во секој сегмент од нашето работење.
Сертификатот одобрен од страна на Lloyd’s Register Quality Assurance подразбира следење на задоволството на корисниците. Во текот на траењето на сертификатот се спроведуваат континуирани контроли за примената на системот согласно утврдениот стандард.
Истовремено сме предводници на финансискиот пазар и во имплементацијата на стандардот за управување со квалитет, издвојувајќи се како единствена финансиска институција во Р. Македонија која е ISO сертифицирана согласно стандардот ISO 9001:2015.