Кредитите станаа најчест начин да ги финансираме нашите потреби и желби. Практично, сите живееме живот на кредит. Сте пресметале ли колку изнесува Вашето кредитно задолжување, износот на Вашиот станбен, потрошувачки или автомобилски кредит, износот на Вашата кредитна картичка.... Во колкава мера Вие учествувате во покривањето на семејните трошоци: трошоци за храна, облека, режиски трошоци, трошоци за образование на Вашите деца...? Дали сте свесни во колкава мера Вашето семејство финансиски зависи од Вас?
ДАЛИ НА ВАШЕТО СЕМЕЈСТВО ЌЕ МУ ОСТАВИТЕ ДОЛГ ИЛИ НАСЛЕДСТВО ?
Финансискиот пазар во Македонија ги следи светските трендови воведувајќи го осигурувањето како дел од редовната банкарска понуда и овозможувајќи сигурност на кредитно задолженото население.
Лидерите во финансискиот сектор, НЛБ Банка и Кроациа Осигурување – Живот, овозможуваат врзаната банкарско – осигурителна понуда која подразбира подигнување на потрошувачки, станбен или хипотекарен кредит врзан со Ризико полиса за осигурување на живот. Клиентот кој ќе подигне Ризико кредит добива значително поповолни услови за одобрување на кредитот, односно пониска каматна стапка и пониски трошоци за одобрување на кредитот. Дополнително, со Ризико полисата, која е вклучена во аморт планот на кредитот, клиентот обезбедува финансиска сигурност на семејството, односно при немил настан клиентот нема да остави никакви обврски од кредитот на своето семејство.
Од Кроациа Осигурување – Живот известуваат дека во рамки на нивното осигурително портфолио располагаат со понуда и за клиентите кои веќе подигнале кредит во било која банка во Македонија, а сакаат да ја осигураат отплата на кредитот при немил настан. Ризико полисата за осигурување на живот Ви овозможува максимална финансиска заштита за Вашето семејство со минимална уплата. Знаете ли дека ова е најефтиното осигурување кое може да Ви овозможи најголема финансиска сигурност особено ако сте кредитно задолжени? Уплатата за ова осигурување може да изнесува и само 8 евра месечно.