Croatia osiguranje

БИДИ ДЕЛ ОД ТИМОТ НА КРОАЦИА ОСИГУРУВАЊЕ – ЖИВОТ

Објавено на: 05/09/2017

Продажбата на животно осигурување е една од најдинамичните и најинтересните професии, а истовремено важи и за една од најдобро платените професии.

Да се занимавате со оваа професија значи да имате моќ сами да влијаете на висината на вашите примања. Имате неограничена можност сами да го одредувате темпото и патот на своите напредувања, стекнувате многу нови пријатели, постојано сте во контакт со луѓе, континуираното ја зголемувате Вашата мрежа на пријатели и познаници.

Оваа професија е одлична за оние кои сакаат сами да си го креираат своето работно време, но и за оние кои имаат потреба од дополнителен приход, нeограничени примања и дополнителен ангажман.

Експертите ќе кажат дека во продажбата успеваат личности со позитивен став, одлучност, одлични продажни вештини, тимски работници, самомотивирани личности, храбри. Но, исто така ќе кажат дека и најуспешните продавачи не биле родени продавачи, туку се личности кои вложувале во својот професионален развој.

Кроациа Осигурување – Живот, водечката компанија за животно осигурување во земјава, Ве поканува на отворен кариерен ден каде ќе можете да се запознаете со можностите да БИДЕТЕ ДЕЛ ОД УСПЕШНИОТ ТИМ на најусшешната компанија за животно осигурување во Македонија.

Доколку мечтаете да се занимавате со професија која постојано ќе Ви носи адреналин и секој ден ќе Ви претставува нова возбуда, посакувате професија со одлична заработка и сакате да дознаете зошто оваа професија е една од  најдобро платените професии во светот, тогаш побрзајте да се пријавите на СЕМИНАРОТ: БИДИ ДЕЛ ОД ТИМОТ НА КРОАЦИА ОСИГУРУВАЊЕ – ЖИВОТ .

Кроациа Осигурување – Живот е компанија која пред себе има поставено амбициозни цели за чие остварување има потреба од креативно ориентирани, високо мотивиран и квалификуван кадар, кој со ентузијазам и висока ангажираност ќе ги спроведува и реализира поставените стратешки цели.

Јакнењето и развојот на продажната мрежа е една од стратешките определби на Кроациа Осигурување – Живот, амбициозноста на продажната мрежа е континуирана движечка сила која ја одржува компанијата на врвот. Компанијата континуирано организира обуки, дообуки, семинари, конференции и тренинзи за јакнење на својот кадар.

Ве охрабруваме да си подарите кариерен развој каков заслужувате. Во тимот на Кроациа Осигурување - Живот има место за сите оние кои се зависни од продажниот адреналин и предизвиците кои ги носи продажбата. 

За пријава на семинарот испратете СМС со содржина: РАБОТА_Име и Презиме на тел: 078/222 738.