Croatia Osiguranje го превзема во целост уделот во BNP Paribas Cardif осигурување, објавува Загрепската берза. Вредноста на превземањето не е позната, а договорот за купопродажба ќе биде валиден веднаш по одобрувањето на Хрватската агенција за надзор на финансиските услуги.
Француската групација BNP Paribas осигурување во Хрватска е присутна од јули 2007 година, а на корисниците им понуди нови видови на производи познати како осигрување во случај на смрт на корисник на кредит, осигурување од траен инвалидитет, осигурување од подолго боледување и отказ, пишува seebiz.
Croatia Osugiuranje пак, е една од најстарите осигурителни компании во Југоисточна Европа. Основана во 1884 година со својата 130 годишна традиција претставува синоним за сигурност и квалитет на пазарот.
Во првото тромесечје на 2017 година групацијата Croatia Osiguranje остварила нето добивка од 9,8 милиони евра, што претставува раст од 71% во споредба со истиот период минатата година. На крајот на април 2017 година Croatia Osiguranje завзема 30,91% од вкупната пресметана бруто полисирана премија.