Кроациа Осигурување – Живот го избра НАЈРЕДОВНИОТ ПЛАЌАЧ ЗА 2016 година.
Седма година по ред ја наградуваме лојалноста на нашите редовни плаќачи подарувајќи незаборавно патување за најсреќниот од нив.
Најсреќниот меѓу редовните плаќачи, избран преку системско извлекување со зададени критериуми за континуирана редовност во плаќањето, ќе биде награден со незаборавно патување во луксузниот хотел „Пирин Парк“ Сандански. Оваа година среќата и се насмевна на г-ѓа Весна А. Ч. (полиса бр: 20170).
Редовното уплаќање на премијата за осигурување на живот Ве рангира во категоријата на редовни плаќачи и Ви нуди можност да освоите незаборавно патување за две особи.
Ви благодариме на Вашата лојалност и Вашата редовност во плаќањето и Ви најавуваме дека проектот „НАЈРЕДОВЕН ПЛАЌАЧ“ ќе продолжи и во 2017 година.