Croatia osiguranje

Предновогодишно дружење со Елена Ристеска и Кроациа Осигурување - Живот

Објавено на: 19/12/2016

ЕЛЕНА РИСТЕСКА, ЗАШТИТНОTO ЛИЦЕ НА КРОАЦИА ОСИГУРУВАЊЕ – ЖИВОТ АД. СКОПЈЕ ги поканува сите свои обожаватели на предновогодишно дружење во Капитол Мол. 

Елена ќе ги израдува сите свои обожаватели со моменти за непосреден контакт, фотографирање, делење автограми, како и делење на CROATIA подароци. 

Грациозна и елегантна, во кампањата за Кроациа Осигурување – Живот, Елена Ристеска ја отсликува сигурноста и одлучноста од донесувањето на најмудрата животна одлука. 

Токму затоа, во Капитол Мол ќе биде присутен и тимот на Кроациа Осигурување - Живот кој ќе биде тука да ги запознае присутните со бенефициите на најмудрата животна одлука - склучувањето на животно осигурување. 

Најмалите ќе можат да уживаат во креативното катче каде ќе можат да ги изразат своите творечки афинитети. Творбите ќе бидат објавени на Facebook страницата на Croatia осигурување / живот, а онаа со најмногу лајкови ќе биде наградена. 

Се гледаме на 25-ти во Капитол Мол.