Успехот на Кроациа Осигурување – Живот е заслуга на секој поединец кој е дел од успешната приказна. Клучот до успехот е токму тимската работа, професионалниот пристап и континуираното вложување во развој на ресурсите. Во услови на високо конкурентно опкружување развојот на квалитетен кадар е стратешка определба на Компанијата, затоа континуирано овозможуваме едукација и доусовршување за сите канали на продажба.
Изминатиот викенд, Кроациа Осигурување – Живот, за својата продажна мрежа како главен двигател кон успехот, овозможи едукација во присуство врвени предавачи. Едукативниот семинар, организиран во реномираниот Хотел Александар Палас во Скопје, го посетија повеќе од 140 застапници и банкари на НЛБ Банка АД. Скопје како дел од Банко каналот за осигурување на Друштвото.
Едукацијата изобилуваше со инеракција, креативни работилници и размена на искуства. Едукативниот дел го отвори г-ѓа Олга Шчитник, врвен тренер и едукатор од Croatia osiguranje d.d., Загреб, која бележи повеќе од 25 годишно искуство во областа на продажбата на лични и животни осигурувања. По излегувањето на г-ѓа Олга Шчитник, честта да го продолжи едукативниот дел од семинарот ја имаше г-дин Михаил Китановски од Д2ЕМ Консалтинг, сопственик и управител на Д2ЕМ Консалтинг, а воедно и експерт во областа за продажба и продажни вештини.
Свое обраќање на семинарот имаше и г-ѓа Вилма Учета Дузлевска, Главен Извршен Директор на Кроациа Осигурување – Живот. Таа при своето обраќање ги запозна присутните со постигнатите резултати на Друштвото, а воедно говореше и за стратегиите за понатамошен развој.
Во насока на понатамошно владеење на синергијата и тимскиот дух, веднаш по семинарот беше организирана и коктел забава.