Кроациа Осигурување – Живот а.д. Скопје продолжува со успешното работење, а во фокусот на нашето работење е максимална грижа за нашите корисници.
Грижејќи се да ги остварите сите Ваши права по основ на полисата за осигурување на живот дозволете да Ве потсетиме дека согласно условите, за остварување на правото за учество во распредeлба на остварената добивка на компанијата, потребно е доспеаната премија да е платена во целост до денот на пресметка (31 декември). Односно, право на учество во распределбата на остварената добивка на компанијата ќе имаат полисите за животно осигурување кои на ден 31.12.2016 година ги исполниле условите за припис на добивка и кои согласно условите на ден 31.12.2016 година ја имаат платено доспеаната премија.
Подмирета ја Вашата доспеана рата и учествувајте во распределбата на добивката.
Состојбата на Вашата полиса може да ја следите преку веб апликација My Cro Account или може да се информирате со јавување во контакт центарот на тел 15510.
За регистрација на веб апликација My Cro Account кликнете овде.
Ви благодариме на укажаната доверба!
Со почит,
Кроациа Осигурување-Живот А.Д.