Croatia osiguranje

Кроациа Осигурување – Живот со кампања за превенција од тешки заболувања и промоција на Croatia здравствено осигурување од тешки болни состојби

Објавено на: 01/11/2016

Почнувајќи од ноември, месецот на машко здравје, па се до 20-ти декември, Кроациа Осигурување – Живот ќе спроведе кампања „Дозволете да се грижиме за Вашето здравје“  во рамки на која ќе го промовира своето Croatia здравствено осигурување од тешки болни состојби, а со цел подигнување на свеста за превенција и борба против ракот и тешките заболувања. 

Малигните заболувања заедно со кардиовасуларните болести се причина за речиси три четвртини од смртноста во Балканскиот регион. Борбата со болеста покрај соодветна нега и терапија бара и значајни финансиски средства.

Croatia здравственото осигурување од тешки болни состојби е единствено и уникатно осигурување кое овозможува осигурително покритие во случај на болни состојби, а осигурителниот надомест за осигуреникот обезбедува неопходни парични средства за лекување.

Сакаме да допринесеме за покревање на свеста за превенција и борба против овие тешки заболувања, затоа што раната детекција може да ни го спаси животот. Во рамки на кампањата „Дозволете да се грижиме за Вашето здравје“ за секој склучен ПРЕМИУМ ПАКЕТ за осигурување со вклучено Croatia здравствено осигурување од тешки болни состојби  во период од 01.11. – 20.12.2016 година подаруваме бесплатен здравствен преглед.велат од Кроациа Осигурување Живот. 

Croatia здравственото осигурување од тешки болни состојби овозможува осигурителна заштита при настанување на болести како: исхемична болест на срце, срцев удар, мозочен удар, малигни заболувања, мултиплекс склероза, Паркинсова болест, Алцхајмерова болест, сида итн.  Во рамки на кампањата, со самото склучување на ова осигурување, се стекнувате со право на бесплатен здравствен преглед, а можете да изберете помеѓу: ехо на дојка, ехо на прострата, кадриографија или EKG.

Кроациа Осигурување – Живот повикува на превенција од овие тешки заболувања, затоа со склучување на Croatia здравствено осигурување од тешки болни состојби дозволете за Вашето здравје да се грижи водечката компанија за животно осигурување во земјава.

За дополнителни информации:

  • испратете СМС порака со содржина: INTERES - име и презиме на телефонскиот број 078 230 443 или
  • контактирајте не на телефонскиот број 15510.