Croatia osiguranje

Животното осигурување во Република Македонија во фаза на реален подем

Објавено на: 14/10/2016

Изминатите неколку години пазарот за животно осигурување во Република Македонија рапидно се развива и се зголемува. Премијата за животно осигурување континуирано бележи двоцифрени стапки на раст. Перманентниот раст на премијата во животното осигурување зборува дека македонскиот граѓанин се повеќе ја согледува корисноста на полисата за животно осигурување.

година

2013

2014

2015

30.06.2016

Процент на пораст на БПП

22%

21%

21.7%

 

Бруто полисирана премија за животно осигурување во Р. Македонија

11.861.000,00 €

14.440.000,00 €

17.902.000,00 €

9.013.000,00 €

Програмите за осигурување на македонскиот пазар се ценовно прилагодени на македонскиот стандарт. Се повеќе граѓаните согледуваат дека животното осигурување не е привилегија, туку неминовна потреба да се обезбеди финансиски сигурна иднина за себе и своето семејство.

Евидентно е дека развојот на животното осигурување во Република Македонија е во фаза на реален подем. Премијата за животно осигурување континуирано бележи двоцифрени стапки на раст уште од 2007 година. Учеството во вкупната осигурителна премија е сеуште под 15% што претставува меродавен показател дека голем дел од пазарот е се уште неискористен, но со заздравувањето на макроекономските показатели неизбежно е да се очекува дека животните осигурувања ќе ја превземат водечката позиција во вкупната премија од осигурувањето.

Последните неколку години забележано е значително подобрување, стабилност и транспарентност на работењето на осигурителните друштва, што секако е резултат на доброто работење на Агенцијата за супервизија на осигурителните друштва која врши теренска и вонтеренска контрола и која со процедурите, прописите и регулативата овозможи осигурителниот сектор во Р. Македонија да работи во согласност со сите европски стандарди.

година

2013

2014

2015

30.06.2016

Број на склучени договори за животно осигурување во Р. Македонија

7741

8818

8683

4787

Потенцијалот кој го има ова пазарно подрачје го препознаа и други реномирани европски брендови и сето тоа резултираше со зголемена пазарна конкуренција. Во континуитет се зголемува обемот на производи што се нудат како и интересот и свеста на граѓаните за животното осигурување. 

Согласно официјалните податоци на Агенцијата за супервизија на осигурување и Националното биро за осигурување, Кроациа Осигурување – Живот АД. Скопје пратејќи ја динамиката на раст на пазарот и остварувајќи двоцифрен раст на премијата за осигурување сe издвојува како пазарен лидер трета година по ред. Од самото основање компанијата бележи позитивен тренд на работа и ја јакне својата пазарна позиција. Преку постојано воведување на иновации, нови производи, воспоставување на супериорен систем за грижа на корисници и праведен и брз систем за решавање на штети, Кроациа Осигурување – Живот се издвои како компанија која за македонските граѓани претставува синоним за сигурност и квалитет. 

година

2013

2014

2015

30.06.2016

Број на склучени договори за животно осигурување преку

 Кроациа Осигурување - Живот

 

4376

 

4485

 

3992

 

2062

Кроациа Осигурување – Живот остварува пазарен удел на 40,54% од полисираната премија иако на пазарот животно осигурување нудат четири компании, еднакво добри европски брендови. Дури 43% од продадените полиси за животно осигурување во 2016 година се издадени од Кроациа Осигурување – Живот, што јасно говори дека македонските граѓани во Компанијата препознаваат стратешки партнер во донесувањето на одлуката за долгорошно штедење и сигурност.

година

2013

2014

2015

30.06.2016

БПП за животно осигурување на Кроациа Осигурување - Живот

5.145.000,00€ 

6.255.000,00€

7.877.000,00€

3.654.000,00€

Согласно проекциите на Агенцијаат за застапување во осигурување на РМ, очекувањата се дека ќе продолжи динамичкиот двоцифрен раст во сегментот на осигурување на живот, за што особено се очекува да допринесе активното вклучување на банките и поврзувањето на банкарските и осигурителните продукти. Повеќе нема сомнеж дека пазарот за животно осигурување во Македонија ги следи европските трендови, како и европските стапки на раст.