Во рамки на Европското првенствово фудбал и Late Night Shopping акцијата на Скопје Сити Мол, Кроациа Осигурување - Живот ги повикува сите деца на возбудливо дружење со крокодилчето Коко во Скопје Сити Мол.
Ве покануваме оваа сабота (02.07.2016 година) во Скопје Сити Мол во период од 11 - 22 часот да учествувате во нашата промотивна акција „Дај му гол на Коко и добиј подарок“.
Крокодилчето Коко подготви бројни изненадувања за сите присутни деца, како: боенки, сложувалки, фризби за на плажа, а најсреќното дете ќе си замине дома со велосипед. Додека децата се дружат со Коко и се обидуваат да дадат гол за да добијат подарок, родителите можат да се запознаат со карактеристиките и предностите на Коко детското штедно осигурување.
Коко детското штедно осигурување претставува единствена можност да ги осигурате своите најмили од ризиците што ги носи детската игра и притоа да заштедите за нивната иднина. Веруваме дека не постои поубаво чувство од сознанието дека на Вашите најмили сте им подариле сигурност. КОКО детското штедно осигурување ќе Ви помогне на Вашите најмили да им овозможите среќно и безгрижно детство и уште посреќна иднина.