Croatia osiguranje

Менаџерско Осигурување - современа алатка за наградување на клучните кадри во компанијата

Објавено на: 27/06/2016

Менаџерското осигурување, претставува одлична алатка која ја зајакнува припадноста на клучните кадри на компанијата, стимулира лојалност и посветеност на целите на компанијата, а во исто време нуди врвна осигурителна заштита и покритие.

Важен момент е препознавањето и искористувањето на можностите и придобивките што ги нуди животното осигурување од страна на компаниите. Една компанија со осигурувањето на својот клучен кадар ја потврдува нивната стручност и улогата што ја имаат тие во компанијата и покажува дека го вреднува трудот што го вложуваат. Една компанија со склучување на животно осигурување за своите менаџери и вработени дава сигнал дека го цени нивниот потенцијал и е свесна за нивната улога и влијание врз деловните резултати на компанијата.

Компаниите во Македонија се повеќе ја препознаваат важноста на човековиот потенцијал, значајноста на вложувањето во своите кадри, нивното привлекување и мотивација. Се повеќе компании склучуваат животно осигурување за своите врабитени знаејќи дека тие претставуваат најзначаен ресурс. Македонските компании го препознаа менаџерското животно осигурување како алатка за зголемување на лојалноста и задоволството на менаџерите, користејќи го како начин за наградување на клучните кадри во компанијата. На овој начин компаниите ја зголемуваат посветеноста на вработените кон компанијата. Животното осигурување на компаниите им овозможува намалување на одливот на клучни кадри и нивно заминување во конкурентни бизниси. 

Менаџерското осигурување е наменето за водечките лица во една компанија од кои зависи водењето и резултатите на важни деловни процеси. Од друга страна, менаџерското животно осигурување може да представува награда за успешноста на менаџерот, која се обазбедува преку осигурената сума за доживување по истекот на осигурувањето.

Менаџерското животно осигурување на Кроациа Осигурување - Живот претставува истовремено осигурување и штедење.Со ова осигурување може да се осигура клучниот кадар на една компанија, и тоа на возраст од 18 до 65 години (на 75 годишна возраст да заврши осигурувањето). Траењето на осигурувањето е максимално прилагодливо на Вашите потреби и менаџерски договори, а истото може да се движи од 1 до 9 години. Осигурената сума ја креирате сами во завиност од можностите, потребите и дефинираните менаџерски бонуси. 

ПРИДОБИВКИ ОД МЕНАЏЕРСКОТО ОСИГУРУВАЊЕ

  • алатка за зголемување на лојалноста и задоволството на менаџерите,
  • бенефит во форма на финансиски бонус,
  • современ начин за наградување на клучните кадри во компанијата,
  • ја зголемува лојалноста и посветеноста  кон компанијата.

Успехот на секоја компанија зависи од успешноста и лојалноста на нејзините вработени. Инвестирајте во успехот на Вашата компанија.