Кроациа Осигурување - Живот АД официјално се здоби со признание и меѓународен сертификат за воспоставен систем за управување согласно стандардот за квалитет ISO 9001:2015, одобрен од страна на Lloyd’s Register Quality Assurance.
Друштвото самоиницијативно уште во 2013 година изгради систем на квалитет согласно стандарот 2008:9008. После успешно спроведена ресертификација Кроациа Осигурување – Живот повторно се стекна со меѓународен сертификат за квалитет, со што стана првата финансиска институција во Р. Македонија која е ISO сертифицирана согласно стандардот за квалитет ISO 9001:2015.
Имплементацијата на ISO стандардот во голема мера го зголеми квалитетот и ефикасноста на услугата кон нашите корисници, допринесеме за јакнење на довербата кај постоечките и потенцијални осигуреници и преку тоа значајно го зголеми нивното задоволство од услугите кои ги нудиме. Ресертификацијата согласно стандардот ISO 9001:2015 придонесе за значително подобрување на ефикасноста во управувањето со внатрешните процеси, но и подобрување на квалитетот на услугите кон корисниците.
Прифаќањето на системот за управување согласно стандардот за квалитет е стратешка одлука на нашето Друштво. Овој стандард е дел од ISO 9000 групата на стандарди кои се однесуваат на имплементација на најдобрите практики во управувањето со квалитет во една организација. Во текот на траењето на сертификатот се спроведуваат континуирани контроли за примената на системот за управување согласно стандардот за квалитет. Сертификатот е одобрен од страна на на Lloyd’s Register Quality Assurance. LRQA (Lloyd’s Register Quality Assurance) е дел од Lloyd’s Register Group Limited. Оваа групација постои од далечната 1760 год. во Лондон, Велика Британија.
Компанијата ја зазема лидерската позиција на пазарот за животно осигурување со пазарен удел од 44%, иако на пазарот животно осигурување нудат четири компании, еднакво добри европски брендови. Како лидер на пазарот за животно осигурување должност ни е постојано да вложуваме во квалитетот на нашите производи и услуги, но и во квалитетот на нашето работење. Во секој сегмент од работењето сакаме да постигнеме задоволство кај нашите осигуреници, бидејќи сме свесни за обврските кои ги имаме како лидер во осигурувањето. Досега Осигурениците не претознаваа како стратешки партнери при донесувањето на одлууката за долгорочно штедење, но отсега можат да бидат сигурни дека Кроациа континуирано го потврдува нивниот избор и се труди да ја оправда нивната доверба.