Croatia osiguranje

ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПОТЕНЦИЈАЛОТ НА CROATIA ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР

Објавено на: 02/06/2016

Како дел од Групацијата Croatia Оsiguranjе на пазарот во Р. Македонија делуваат две компании: Croatia Осигурување – Друштвото за животно осигурување и Croatia Осигурување – Друштво за неживотно осигурување. Во рамки на посетата на Управата на Croatia Оsuranje беше одржана и пресс конференција за медиуми на која беше претставена состојбата на пазарот за осигурување во Македонија, резултатите на Друштвата и плановите за понатамошен развој и зголемување на потенцијалот.  

Croatia Осигурување – Друштвото за животно осигурување минатата година ја заокружи со раст на премијата од 26.49% како лидер на пазарот за животно осигурување во Македонија. Дури 47% од полисите за животно осигурување во Македонија се потпишани од овој бренд. Во првиот квартал од 2016 година овој бренд бележи значителен пораст од 34,35% во сегментот на класично животно осигурување и 15% пораст на премијата за неживотно осигурување.

Оваа реномирана осигурителна компанија на пазарот во Р. Македонија веќе 11 години забележува успешно работење во доменот на животното осигурување. Croatia Осигурување – Живот ад Скопје направи уште еден значителен чекор кон официјализирање на високите стандарди за квалитет под кои работи, со што стана првата финансиска институција во Р. Македонија која се сертифицираше под новата верзија на ISO стандардот за квалитет и се стекна со сертификат 9001:2015 одобрен од Lloyd Registar LRQA. Ова претставува  уште една значајна придобивка за  осигурениците, од аспект на добивање на прецизна, квалитетна и стандардизирана услуга од оваа Компанија. 

 Стратешка вредност на овој бренд е фокусот кон клиентот. Токму затоа, компанијата заедно со НЛБ Банка АД Скопје отпочна стратешка соработка во делот на банко осигурувањето, а од следниот месец ќе се нудат полиси за животно осигурување со кредитни производи на банката, под значително поволни услови за клиентите.

Во втората половина од 2016 година Croatia Осигурување – Живот на пазарот ќе понуди нов производ, рентно животно осигурување, со кој на осигурениците во вторниот пензиски столб во моментот на пензионирање ќе им понуди исплата на однапред дефинирани пензиски ануитети. Покрај програмот Сениор рента, Компанијата најавува и Стипендиска рента, програм прилагоден за младите генерации.

Во доменот на неживотното осигурување овој бренд е присутен во Р. Македонија од 2009 година. Croatia Осигурување – Друштво за неживотно осигурување изминатите години забележа стабилен и континуиран развој. Во 2016 година компанијата креираше нов пакет за домаќинско осигурување (Основен, Стандарден, Премиум). Пакетот е скроен за сите потреби, од најмал стан до најголемо живеалиште, со годишна премија која е прифатлива за секој џеб. За само неколку месеци од пуштање во продажба на овој пакет, Компанијата забележа 34% раст на имотното осигурување.

 Санел Волариќ, Претседател на Управата на Кроациа Осигурување им честиташе на колегите во Македонија за досегашните резултати и даден посебен осврт кон развојот на Групацијата во регионот:

 "Групацијата Кроациа Осигурување по извршеното успешно темелно реструктуирање, на пат е кон реализација на својата цел и позиција на модерен ефикасен регионален лидер. На сите пазари на кои работиме постои значителен потенцијален раст поради подосигураност на пазарот, примарно во здравственото и животното осигурување. Постои голем потенцијал и во неживотното осигурување, особено во делот на малите и средни претпријатија каде што реализацијата е отежната поради економската криза и слабата куповна моќ. Во претходните две години Кроациа Осигурување помина низ трансформација која нас ни овозможи стабилно и одржливо темелно работење и создавање на нова синергија со членовите во Групацијата. Во иднина пред нас е амбициозен план на раст на приходите и профитабилноста како продолжување на процесот за изградба на пазарно ориентирана корпоративна култура. Со понатамошниот развој на нови производи и нови канали на продажба ќе излеземе во пресрет на потребите на клиентите, бидејки наша цел е да бидеме достапен, брз и сигурен партнер.Оваа прилика ќе ја искористам за да им честитам на тимот во Македонија за доследното и успешно работење и постигнатите одлични резултати. Успешно спроведената сертификација за ISO 9001:2015 овозможува зголемување на нивото на квалитет и ефикасноста на извршените услуги, и сигурен сум дека тоа ќе го препознаат и нашите клиенти и партнери."