Успехот на CROATIA Oсигурување е заслуга на секој поединец кој е дел од оваа успешна приказна и кој е дел од компанијата. Клучот до успехот е токму тимската работа, професионалниот пристап, корпоративната култура, упорноста и лојалноста. Во услови на високо конкурентно опкружување развојот на квалитетен кадар е стратешка определба на Компанијата. Во таа насока, Компанијата континуирано овозможува едукација и доусовршување за сите вработени.
За својата продажна мрежа, како главен двигател кон успехот, Друштвото овозможи едукација во присуство на највисокиот менаџмент од Croatia Osiguranje - Zagreb и лица со долгогодишно искуство во продажбата.
Едукативниот семинар организиран во Охрид го посетија повеќе од 130 вработени и застапници кои имаа можност да разменат искуство и да го збогатат своето знаење. Во текот на едукацијата свое обраќање имаа Претседателот на Управа на Croatia Osiguranje - Загреб- г-дин Санел Волариќ, г-дин Марјан Краљ - Член на Управа на Croatia Osiguranjе - Загреб, Главната Извршна Директорка на Кроациа Осигурување - Живот АД. Скопје - г-ѓа Вилма Учета Дузлевска и г-дин Гоце Вангеловски - Главен Извршен Директор на Кроација Осигурување - Неживот АД. Скопје.
Во рамки на семинарот организирана беше и панел дискусија со претставници од Управата на Croatia Osiguranje - Загреб како професионалци во својата област. Следеше и работилница на тема:„ УСПЕШНА ПРОДАЖБА - ЗАДОВОЛЕН КЛИЕНТ“ во која активно учество земаа сите учесници.
Во насока на понатамошно владеење на синергијата и тимскиот дух, дружењето продолжи со коктел забава во Cuba Libre Beach Bar во Охрид.