Croatia osiguranje

Кроациа Осигурување -Живот пријател на Зоолошката градина Скопје

Објавено на: 10/05/2014

Во насока на едукација на децата, Кроациа Осигурување – Живот АД. Скопје и Зоолошката градина Скопје, како значајни субјекти во општеството, започнаа соработка преку механизам за взаемна реализација на проекти и активности.

Кроациа едукативното катче кај живеалиштето на крокодилот во Зоолошката градина, ќе биде локација каде на кративен начин, преку дружење и забава, децата ќе можат да се стекнат со многу нови знаења.

Изразувајќи ги своите ликовни и творечки афинитети, децата ќе можат да научат нешто повеќе за крокодилот како животно, а притоа со тимот на Кроациа Осигурување - Живот ќе учат и за штeдењето.

За да забавата биде повозбудлива тука се Кроациа подароците, Коко боенките и секако крокодилчето Коко, заштитниот лик на детското штедно осигурување на Кроациа Осигурување - Живот.

Родителите ќе можат да се информираат за карактеристиките на Коко детското штедно осигурување, кое претставува одлична можност да го осигурате Вашето дете и притоа да заштедите за неговата иднина.

Кроациа Осигурување - Живот ова лето ќе биде дел и од првиот „Детски ЗОО фест“. 

Детскиот ЗОО Фест 2014” е забавен и едукативен фестивал наменет за најмладите. Почнувајќи од 10.05.2014 година, секоја сабота до месец октомври, најмладите ќе уживаат во забавни содржини и едукација за животните - станари на една од најубавите Зоолошки на Балканот.

Ве очекуваме да ни се придружите во распеаната Зоолошка, да се забавуваме, едуцираме, да другаруваме со крокодилчето Коко и да започнеме да штедиме за нашата сигурна иднина.