Дирекцијата за заштита на личните податоци во партнерство со 13 осигурителни компании и 2 брокерски друштва, а со поддршка на Националното биро за осигурување и Агенцијата за супервизија на осигурувањето на 16.05.2014 година ја започна кампањата – На сигурно си!
Со цел подигнување на свеста на осигурениците за степенот на заштита на обработката на нивните лични податоци од страна на сите субјекти во осигурителниот сектор заради зголемување на опфатот на осигуреници како во животно така и во неживотно осигурување во Република Македонија за нивните обврски за давање на личните податоци во контекст на исклучоците од примената на Законот за заштита на личните податоци, ќе бидат организирани пет отворени денови на кои граѓаните ќе можат да се информираат за тоа дали осигурителните компании, осигурителните брокерски друштва, осигурителните агенти и друштвата за застапување во осигурувањето имаат право да го обработуваат нашиот матичен број, да задржат фотокопија од лична карта или пасош, да ги откријат личните податоци на трети лица, да вршат директен маркетинг за нови производи, услуги, наградни игри и кои се правата и обврските за заштита на нашите лични податоци кога се склучува договор за неживотно осигурување или осигурување на живот.
Во кампањата се вклучени Кроациа Осигурување – Живот, КРОАЦИЈА ОСИГУРУВАЊЕ АД Друштво за неживотно осигурување, Винер осигурување, Триглав Осигурување АД, Еуролинк Осигурување АД Скопје, Сава Осигурување АД, Осигурување Македонија АД Скопје, ИНСИГ Македонија АД Скопје, ВФП АД Осигурително брокерско друштво, GRAWE осигурување АД Скопје, Сафе Инвест Македонија АД Скопје, УНИКА АД Скопје, ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје, АЛБСИГ АД Скопје, Национална групација за осигурување АД Осигурителна полиса Скопје.
Кроациа Осигурување - Живот се приклучи кон оваа капмања во интерес на заштита на личните податиоци на нашите сегашни и потицијални Осигуреници. Со оглед на големиот број на податоци кои секојдневно се предмет на обработка во Друштвото, се стремиме кон воспоставување на квалитетен сисем за заштита на личните податоци.
Поддржувајќи ја оваа кампања ги повикуваме нашите Осигуреници да ги посетат овие пунктови и дополнително да се информираат за начинот на заштита при обработката на личните податоци.
- 16 мај, Скопје, Градски Трговски Центар - 12:00 – 16:00 часот
- 20 мај, Гостивар, Градски Плоштад - 10:00 – 14:00 часот
- 22 мај, Штип, Ванчо Прке - 11:00 – 15:00 часот
- 26 мај, Битола, Плоштад Магнолија - 12:00 – 16:00 часот
- 28 мај, Струга, Шеталиште - 12:00 – 16:00 часот