Со цел подобрување на актуелната понуда и задоволување на преференциите на клиентите со особено задоволство Ве известуваме дека од 1-ви мај 2014 година воведуваме нови бенефиции на производот Коко детско штедно осигурување.
Друштвото изврши промената на Условите за Коко детско штедно осигурување со цел подобрување на постојниот производ.
Станува збор за услови кои досега не се застапени на македонскиот пазар за животно осигурување, односно можности кои ниедна друга компанија не ги овозможува за своите осигуреници.
Секој родител сака на своето најмило да му обезбеди почетен капитал со што ќе му го олесни зачекорувањето во светот на возрасните.
Коко детското штедно осигурување претставува единствена можност да ги осигурате своите најмили од ризиците што ги носи детската игра и притоа да заштедите за нивната иднина.
Отсега, Коко детското штедно осигурување подразбира целосно осигурување на иднината на Вашите најмили.
Новитетите, кои се резултат на екстерното истражување на пазарот, анализирање на потребите на осигурениците и искуството пренесено од работата на нашата матична куќа Croatia Osiguruvanje d.d. – Zagreb ќе допринесат за јакнење на довербата кај нашите постојни и потенцијални осигуреници.
За дополнителни информации контактирајте не на тел: 02/3215-083 лок. 104 или 103