Кроациа Осигурување – Живот преку својот Контакт Центар реализираше телефонска анкета во периодот од 01.11.10. до 30.11.2010 година. Целта беше да се проверат и потврдат мислењата кои нашите осигуреници ги имаат за квалитетот на услугите кои ги овозможуваме. Резултатите кои ги добивме се повеќе од задоволителни.
Во оваа прилика би сакале да ги споделиме со Вас:
Согласност да учествуваат во анкетата дадоа 850 осигуреници од целата држава.
Прашањата на кои одговараа:
Прашање бр.1
Колку сте задоволни од нашата компанија и третманот која истата го има кон Вас?
Прашање бр.2
Колку Полисата за животно осигурување која ја поседувате според Вас ги задоволува вашите очекувања, односно дали сте задоволни од условите и бенефитите кои истата Ви ги нуди?
Прашање бр.3
Дали според Вас се потребни промени во поглед на подобрување на нашите услуги? (ваши предлози и сугестии)...
Прашање бр.4
Дали досега сте го препорачале нашето животно осигурување на некој друг или можеби би го препорачале во иднина?
Кроациа Осигурување – Живот АД секогаш тежнее да го подобри квалитетот на постојните производи и развој на нови. Сите забелешки кои ги добивме ќе бидат внимателно анализирани и набрзо ќе излеземе со конкретни решенија кои сметаме дека ќе го подобрат квалитетот на нашите услуги.
Благодарност до сите кои учествуваа во спроведената анкета.