Croatia_General_investments

ГАРАНТ ИНВЕСТ

Осигурување со врзување за цената на уделите на отворениот инвестициски фонд Генерали Топ Брендови управуван од страна на Генерали Инвестментс АД Скопје со мешано осигурување со повеќекратни уплати.

За какво осигурување станува збор?

  • Гарант Инвест со повеќекратни уплати („Осигурување“)   е   инвестициско осигурување  на  живот  кај  кое  Договорувачот  го сноси   ризикот   на   вложувањето   каде   што инвестицискиот дел од премијата, по намалувањето на премијата за осигурување на живот е директно врзана за цената на уделите на отворен инвестициски фонд Генерали Топ Брендови управуван од Генерали Инвестментс АД Скопје.
  • Премијата за осигурување се плаќа повеќекратнo и се распределува процентуално:
  1. Премија за осигурување на живот - дел наменет за осигурително покритие во случај на смрт и доживување во висина од 50% од бруто полисираната премија.
  2. Премија за вложување, дел од премијата кој е наменет за купување на удел во фондот во висина од 50% од бруто полисираната премијa, го сочинува инвестициониот дел на премија, а се користи за врзување на цената на уделот на Инвестицискиот фонд, наведен во полисата за осигурување.

Инвестициската цел на Фондот е зголемување на вредноста на имотот, односно раст на вредноста на уделот на долг рок. Бројот на удели кој што се вложува во инвестицискиот фонд во име на Договорувачот зависи од цената на уделите на датумот на купувањето. Цената на уделите на инвестицискиот фонд се утврдуваат во согласност со законската и подзаконската регулатива, Правилата на работење и Проспектот на фондот.

  • Траењето на осигурувањето е од 10 до 25 години.
  • Можност за вклучување на дополнителни осигурителни компоненти:

-          Дополнително здравствено осигурување од тешки болни болести:

-          Дополнително здравствено осигурување од малигни болести;

-          Дополнително осигурување од несреќен случај

  • Со оглед на инвестициската цел и стратегијата на вложување, производот е наменет за вложувачи кои се подготвени да прифатат распределба на  ризикот преку КОМБИНИРАНО/БАЛАНСИРАНО вложување - вложување во инвестициски фондови со цел остварување на повисок очекуван принос на вложените средства и вложување во осигурување на живот во случај на смрт и доживување со цел обезбедување на гарантирана осигурена сума. 

ПРЕДНОСТИ ОД КУПУВАЊЕ НА ГАРАНТ INVEST

Можност за остварување на атрактивен принос со умерен ризик преку:

-  Професионално управување со средствата на фондот

-  Диверзификација на портфолиото по земји, валути, инструменти

-  Автоматско реинвестирање на добивката

-  Намалени трошоци за управување со средствата доколку се инвестира индивидуално во фондот, односно инвестирањето во фондот е без влезна провизија

-  Осигурително покритие за осигуреникот во случај на смрт.

Сите документи поврзани со овој производ се достапни на:

  • Услови за осигурување на живот поврзано со инвестициски фондови со повеќекратна уплата на премија каде осигурениокот го носи инвестицискиот ризик (0542), со важност од 01.08.2019, интернет страницата на Кроациа Осигурување Живот АД (www.cro.mk);
  • Согласност- согласноста е составен дел на понудата за осигурување и се потпишува заедно со понудата;
  • Проспект на Фондот, сите ревидирани годишни извештаи, сите полугодишни извешта на Фондот и цените на уделите на Фондот се достапни на интернет страницата на Друштвото www.generali-investments.mk.

Речник