ПОЛИТИКА ЗА КОЛАЧИЊА (COOKIES)
Што се колачиња (cookies)?
Колачиња (cookies) се мали текстуални датотеки кои се снимаат во Вашиот компјутер или мобилен телефон поради подобрување на корисничкото искуство на веб-страницата на www.cro.mk и не се поврзуваат со Вашите лични податоци кои претходно сте ни ги доставиле.
Колачиња (cookies) се податоци кои ги користат веб-страниците за да ги идентификуваат веб-корисниците. Со помош на колачињата, Кроациа Осигурување -Живот АД Скопје го следи движењето на посетителите на веб-страницата www.cro.mk и на тој начин се собираат податоци за подобро разбирање при користењето на веб-страницата од страна на посетителите, со цел да се подобри корисничкото искуство, да се оптимизира и унапреди функционалноста на веб-страницата www.cro.mk, но притоа не се користат личните податоци.
Што овозможуваат колачињата?
Колачињата овозможуваат да се препознае Вашиот пребарувач при следната посета на интернет-страницата. Колачињата може да ги зачуваат Вашите преференции и други технички информации за да се обезбеди персонализирана содржина на веб-страницата и да се прикаже навигациската историја на истата, но не можат да читаат податоци или информации од Вашиот хард диск или мобилен телефон, ниту пак да читаат други зачувани фајлови за колачиња од други интернет-страници.
Типови колачиња на www.cro.mk
Кроациа Осигурување - Живот АД Скопје на веб-страницата www.cro.mk користи:
- Сесиски колачиња – Тоа се привремени колачиња кои постојат само во текот на една онлајн-сесија. Тие исчезнуваат од Вашиот уред кога ќе го затворите Вашиот интернет-пребарувач.
Со притискање на копчето Се согласувам или со продолжување на користење на веб-страницата, се согласувате за употребата на колачињата опишани во овој Документ.
Скопје, 16.9.2020