Croatia osiguranje

Вашите права при oсигурен случај

Ви благодариме на укажаната доверба да бидеме Ваш пријател кој ќе Ви овозможи чуство на сигурност низ годините. 

Срдечно Ви посакуваме само среќни и убави моменти, но никој не знае што носи утрото. При несреќен случај ги очекуваме Вашите пријави и потребната докумантација согласно наведеното:

НЕСРЕЌЕН СЛУЧАЈ – ПОВРЕДА

  1. Потполнет формулар Општа пријава   (задолжително наведете контакт телефон како би Ве контактирале доколку има потреба од достава на дополнителна документација ) – се доставува во рок од 14 дена од денот на несреќата
  2. Копија од здравствена книшка
  3. Копија од Трансакциска сметка
  4. Комплетна медицинска документација - отпусна листа, медицински наод, извештај од специјалист, ренген снимки или CD.

Штетата може да биде предмет на разгледување доколку боледувањето е завршено и во меѓувреме се доставени сите потребни документи.

ТЕШКО БОЛНА СОСТОЈБА

  1. Потполнет формулар Општа пријава за тешко болна состојба  (задолжително наведете контакт телефон како би Ве контактирале доколку има потреба од достава на дополнителна документација)
  2. Медицинска документација и историја на болест
  3. Комплет здравствен картон или копија од здравствен картон заверена на нотар
  4. Комплет здравствена книшка или копија од здравствена книшка заверена на нотар,
  5. Копија од трансакциска сметка

СМРТЕН СЛУЧАЈ

  1. Потполнет формулар Општа пријава  (задолжително наведете контакт телефон како би Ве контактирале доколку има потреба од достава на дополнителна документација)
  2. Оригинална полиса
  3. Потврда за смрт и лекарски извештај за причината за смрт
  4. Медицинска документација и историја на болест
  5. Комплет здравствен картон или копија од здравствен картон заверена на нотар
  6. Извод од матична книга на умрени
  7. Трансакциска сметка на Корисник на осигурувањето

Доколку станува збор за смрт од несреќен случај се наведува причината за несреќата, или доколку се работи за сообраќајна незгода се поднесува и полициски записник. 

Поднесените пријави по основ на повреди настанати од несреќен случај, смртни случаеви и тешко болни состојби се разгледуваат од страна на незвисно лице Доктор Цензор заедно со Комисијата за решавање на штети на КРОАЦИА ОСИГУРУВАЊЕ АД – Друштво за осигурување на живот. Одлуките се носат согласно одредбите опфатени во Условите за осигурување, а кои се составен дел на договорот за осигурување на живот.

Извесно незадоволство по однос на донесената одлука на комисијата за штети можете да изразите со поднесување на жалба или приговор, со што доставената документација повторно ќе биде разгледана земајќи ги во предвид сите аргументи на приговорот. 

Речник

секој ненадеен и од волјата на осигуреникот независен настан кој, дејствувајќи однадвор и нагло врз телото на осигуреникот, за последица ја има неговата смрт, целосен или делумен инвалидитет или минлива неспособност за работа која бара лекување во болница.
состојба во која се наоѓа осигуреникот поради болест од КРОАЦИА ПРЕМИУМ ЛИСТАТА и која условува оперативно лечење и/или лечење со физикална терапија или хемодијализа, односно постојано обезбедување на туѓа помош.
Настан што може да предизвика штета , а којшто спаѓа во ризици кои осигурувачот ги покрива со полисата. Можните осигурени случаи се дефинирани во условите за секој вид осигурување, а во секој договор за осигурување поединечно се наведени сите осигурени ризици.