Croatia osiguranje

На веб страната https://cro.mk/се користат колачиња (cookies) кои служат со единствена цел за подобрување на корисничкото искуство. Со Вашето присуство на веб страната се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали во однос на заштитата на личните податоци прочитајте ја Политиката за колачиња.



Кроациа подарува ваучер со секоја нова дополнителна полиса за осигурување

Објавено на: 20/01/2022

Годината што измина покажа дека најголем предизвик во тешките времиња е да се зачува токму она што е највредно: човечкиот живот и здравјето. Современиот начин на живеење секојдневно носи нови предизвици и неизвесности, а решение за предизвиците е животното осигурување, кое во денешно време е потребно повеќе од кога било. Осигурувањето на животот е долгорочно решение, кое нуди комбинација од најбезбеден облик на штедење, сигурност, како и осигурување, и е целосно приспособливо на индивидуалните потреби на клиентите. 

Животното осигурување претставува заштита и обезбедување на оние што зависат од осигуреникот, неговото семејство, децата и друго. Додека животот е осигурен, со вложените средства или месечни уплати по полиса за осигурување на животот, се акумулираат средства како еден вид заштеда за сигурност на семејството. Тоа дава дополнителна вредност на полисата за осигурување на животот и поголема вредност на инвестираните пари. Она што е посебно интересно кај осигурувањето на животот е тоа што сами одлучувате колку сакате да штедите, односно сами ја одредувате осигурената сума.

Водечката осигурителна компанија за животно осигурување Кроациа осигурување живот, повторно подготви погодности со цел да ве поттикне да размислувате за животот, сопствената иднина и за иднината на своето семејство. Во рамките на промотивната акција, сите постојни осигуреници, кои во рамките на семејството (сопруг, сопруга, деца), во периодот од 3 до 31 јануари ќе склучат нови дополнителни полиси за остатокот од семејството, ќе добијат наградни ваучери.

Добредојдовте на страната на Кроација Осигурување, нашата страница користи колачиња во вашиот пребарувач

Затвори