Повеќе од 50 компании трчаа заедно на бизнис трката во Скопје
Скопје вчера беше домаќин на второто издание на Croatiaосигурување бизнис трка 5K, најмасовната корпоративна спортско-рекреативна манифестација која на едно место обедини повеќе од 50 компании, институции и организации од Македонија.

На кејот пред AcibademSistina, 750 вработени од финансискиот сектор, ИТ индустријата, телекомуникациите, фармацијата, логистиката, производството, јавните институции, дипломатските претставништва и невладиниот сектор ја заменија канцеларијата со спортска опрема и заеднички настапија на патеката долга 5 километри покрај реката Вардар.
CroatiaOsiguruvanjeBusinessRun 5K е дел од регионалната AdriaCorporateRunLeague, која ги поврзува корпоративните заедници од Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Хрватска. Победничкиот тим од Скопје ќе ја претставува Македонија на регионалното финале.
Пред почетокот на трката, присутните ги поздрави Катерина Јордановска Манева од Croatiaосигурување, која истакна дека најголемите успеси се постигнуваат кога луѓето се движат заедно кон заедничка цел и дека токму тимската работа, довербата и меѓусебната поддршка се вредности што подеднакво се важни и во спортот и во деловниот свет.

За загревањето на учесниците беше задолжена фитнес инструкторката Ангела Јованоска Конески од PremiumSportCenter.

Во тимската конкуренција, најдобри резултати постигнаа:
- Комерцијална банкасо време од 58:08 минути,
- Халкбанк со време од 1:00:25,
- НЛБ Тутунска банка со време од 1:02:08.
Во индивидуална конкуренција, титулата најбрза учесничка ја освои Радмила Јованова од НЛБ Тутунска банка со време од 21 минута, додека најбрз учесник беше Миомир Алексовски од Комерцијална банка со време од 17 минути и 14 секунди.
По завршувањето на трката следуваше дружење на отворено со музичка програма, настап на BreakdownBand, DJ, храна, освежување и бројни содржини кои придонесоа за одлична атмосфера меѓу учесниците.
Покрај натпреварувачкиот карактер, настанот уште еднаш ја потврди својата улога како платформа за вмрежување, градење на тимскиот дух и поттикнување на здрави животни навики кај вработените. CroatiaOsiguruvanjeBusinessRun 5K покажа дека најдобрите резултати не се мерат само со време на патеката, туку и со енергијата, соработката и заедништвото што остануваат по завршувањето на трката.

Целосните резултати се достапни на: www.prvdovrv.mk/business5k
Настанот го организираше Здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“, со поддршка на Croatia Осигурување и AcibademSistina.