Подигнување на заем

Следејќи ги Вашите потреби Ви овозможуваме подигнување на заем во висина на откупна вредност на Вашата полиса. 

Отсега, можете да подигнете позајмица со винкулирање на Вашата полиса и сами да го одберете периодот на отплата. Дополнително, сами го одредувате и износот на заемот, кој не може да биде повисок од откупната вредност на полисата.

Заемот го одобруваме во рок од еден работен ден, а за негово одобрување потребно е да ја доставите следната документација:

Дека ова е најповолната позајмица за Вас говори фактот што:

  • заемот се одобрува во рок од еден ден;
  • средствата веднаш Ви се ставени на располагање;
  • заем без жиранти или гаранции;
  • единствена гаранција е Вашата полиса за осигурување на живот;
  • истовремено целосно осигурување;
  • доцнење со уплата на рата до три месеци, без пресметка на дополнителна казнена камата;
  • износот на земениот заем не се калкулира во вкупната кредитна задолженост на клиентот.

 

Ова е единствениот заем кој, во најлоша ситуација, немате обврска да го вратите, бидејќи во таква ситуација, Кроациа Осигурување – Живот се обврзува да ја откупи Вашата полиса и со тоа престануваат Вашите обврски.

За подетални информации за висината на заемот кој може да го подигнете, за периодот на отплата, како и за пробен амортизационен план, Ве молиме да не контактирате на телефон:  02/3215-883.