Картичка лојалност

Обезбедете низа поволности со картичката за лојалност на Кроациа Осигурување-Живот! Станувајќи осигуреник и корисник на полиса за животно осигурување во Кроациа осигурување - Живот, се стекнувате со право на користење на КРОАЦИА КАРТИЧКАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ која ви овозможува попуст при посета на ресторани, кафулиња, салони за убавина, фитнес центри, училишта за странски јазици, продавници за детски играчки, стоматолошки ординации, парфимерии, туристички агенции итн. Услови за користење на картичката за лојалност се: - Право на користење на картичката за лојалност имаат сите полнолетни Осигуреници на Кроациа Осигурување - Живот; - Со приложување на Вашата картичка за лојалност користите однапред дефиниран попуст на локациите објавени подоле; - Вашата картичка за лојалност потребно е да ја приложите пред да Ви биде издадена фискалната сметка; - Во рестораните и кафулињата фискалната сметка се евидентира веднаш, затоа со самата нарачка напоменете дека сте корисник на Кроациа картичката за лојалност; - Заради потврдување на сопственоста на картичката за лојалност нашите соработници имаат право да Ви побараат да приложите лична карта; - Попустот не важи за производи и услуги кои се веќе на промотивен попуст кои го одобрува самата компанија. Доколку, сеуште не сте ја добиле Вашата картичка за лојалност Ве молиме истата нарачајте ја преку Вашиот осигурителен брокер или директно на info@cro.mk.

Изберете филтер за приказ на компании