Croatia osiguranje

Во насока на подобрување на понудата на услуги кон клиентите, Кроациа Осигурување-Живот АД Скопје и Стопанска Банка АД Скопје започнаa соработка преку линкуван производ т.н Cro Link. 

Cro Link претставува поврзување на кредит и полиса за осигурување на живот со еднократна уплата на премијаСтопанска Банка АД Скопје врши кредитирање на лица кои сакаат да склучат полиса за осигурување на живот со еднократно вложување.

Вашата сигурност никогаш не била подостапна, а Вашата заштеда никогаш не била по загарантирана. Кроациа Осигурување - Живот во соработка со Стопанкса банка -АД Скопје креираше производ адаптиран на на Вашите потреби и можности.

ПРИДОБИВКИ:

- Прифатлив и лесен начин за склучување на полиса за осигурување на живот;

- Постигнување на финансиска сигурност за себе и своето семејство;

- Полиса која носи најголем финансиски приход;

- Штедење со истовремено осигурување;

- Едноставна постапка за одобрување кредит. 

КАРАКТЕРИСТИКИ:

ОСИГУРЕНАТА СУМА е поголема за 20% - 60% од ИЗНОСОТ НА КРЕДИТОТ

Речник

Понуда е предлог за склучување на договор за осигурување на живот и се поднесува во пишана форма на образец на осигурувачот;
Понудувач е лице кое поднесува пишана понуда на осигурувачот;
Договорувач е лице кое склучува договор за осигурување со осигурувачот. Ако се склучува взаемно осигурување на две лица, договорувач на осигурувањето мора да биде еден од осигурениците;
Осигуреник е лицето на чиј живот се однесува осигурувањето и од чие доживување или смрт зависи исплатата на договорената осигурена сума;
Корисник на осигурувањето е лицето во чија корист се договара осигурувањето и на кое му се исплатува договорената осигурена сума;
Договорена осигурена сума е обврска на осигурувачот утврдена со полисата на осигурувањето;
Полиса е исправа за склучениот договор за осигурување на живот;
Премија: Паричен износ кој договорувачот е должен да му го плати на осигурувачот врз основа на договорот за осигурување. Минималната годишна премија изнесува 180 ЕВРА.
Добивка: Износ кој се додава на осигурената сума, кој се исплатува по настанување на осигурен случај, а осигурениците со тоа учествуваат во добивката на осигурителното друштво остварена на подрачјето на осигурувањата на живот.
Математичка резерва - осигурувачот е законски должен да формира фонд - математичка резерва во кој се прибираат средства од уплатената премија на сите осигуреници. По правило се пресметува посебно за секој договор за осигурување и така собраните средства се уплатуваат на посебна сметка. Се пресметува врз основа на утврден процент од уплатените премии, со користење на соодветни актуарски проценки. Математичката резерва е строго заштитена со законски одредби, како во однос на пресметката така и во однос на вложувањето.
Збир на клаузули со кои детално се уредуваат односите помеѓу осигурувачот и осигуреникот од договорот за осигурување. Тие се составен дел од договорот за осигурување и затоа нивното познавање е важно за разбирање на правата и обврските што произлегуваат од одреден вид осигурување. Одредбите од општите услови за осигурување по правило се регулирани со законски прописи и спогодби на осигурувачите.
Износ до којшто осигурувачот има обврска за обесштетување при настанување осигурен случај.